Преживеан патник од возот во Грција: Хорор, се превртевме, насекаде имаше оган

March 1, 2023
1 min read

Регионалниот гувернер на Тесалија Константинос Агорастос за ТВ СКАИ изјави дека првите четири вагони од патничкиот воз излетале од шините во судирот, додека првите два вагони, кои се запалиле, биле „речиси целосно уништени“

Најмалку 32 лица загинаа, а 85 се повредени при судир на возови во близина на грчкиот град Лариса околу полноќ, соопштија пожарникарите. Во централна Грција се судрија патнички и товарен воз, а спасувачките екипи ги извлекуваат патниците од згмечените вагони.

„Евакуацијата на патниците е во тек во многу тешки услови со оглед на сериозноста на судирот на возот“,

изјави портпаролот на противпожарната служба Василис Вартакогијанис.

Регионалниот гувернер на Тесалија Константинос Агорастос за ТВ СКАИ изјави дека првите четири вагони од патничкиот воз излетале од шините во судирот, додека првите два вагони, кои се запалиле, биле „речиси целосно уништени“.

Гувернерот рече дека двата воза брзале еден кон друг по истата пруга.

„Тие патувале со голема брзина и еден возач не знаел дека другиот доаѓа. Тоа беше многу моќна несреќа. Тешко е да се опише сцената“,

рече тој.

Патник кој ја преживеал несреќата во изјава за Ројтерс раскажува што доживеал.

„Слушнавме голема експлозија. Беа десет секунди ужас. Се превртувавме во вагонот додека не паднавме на страна и метежот престана. Потоа настана паника. Огнот беше десно и лево, насекаде… Десет или петнаесет секунди беше хаос. Превртување, пожари, закачени кабли, скршени прозорци, луѓе што врескаат, луѓе заробени“,

рекол патникот Стергиос Миненис.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Левандовски ќе ја заврши кариерата во американската МЛС лига

Следно

Прајс: САД ги поздравуваат разговорите меѓу Белград и Приштина во Брисел

Latest from Blog

Откриено што му предложил Иран на Трамп

Иранскиот предлог, кој американскиот претседател Доналд Трамп моментално го отфрла, би го отворил Ормутскиот теснец за бродови и би ја прекинал американската блокада на Иран, а воедно би ги одложил преговорите за

ВЛЕН обвинува за „паника во ДУИ“ и отвора прашања за одговорност за договорот со “Енергоинвест”

Коалицијата ВЛЕН излезе со остра реакција во која ја обвини ДУИ дека денес брани проект што, според нив, токму нивни функционери претходно сметале дека треба да се раскине. Станува збор за договорот

ВЛЕН: Лажната загриженост на ДУИ крие страв од одговорност за испумпаните пари

Од коалицијата ВЛЕН велат дека ДУИ денес брани проект што, според нив, токму нивни функционери претходно сметале дека треба да се раскине, алудирајќи на договорот со Енергоинвест за интерконекцијата со Албанија. Од
Go toTop