Конкурс за есеј за основците и средношколците по повод 80 години од усвојувањето на македонскиот како службен јазик

May 5, 2025
1 min read

По повод јубилејот 80 години од усвојувањето на македонскиот јазик како службен јазик – 5 Мај, Министерството за образование и наука распиша Конкурс за есеј за учениците од основните и средните училишта. Во зависност од возраста и наставниот јазик, дадени се четири теми, а право на учество имаат сите ученици од четврто до деветто одделение од основните училишта и од прва до четврта година од средните училишта.

Еден ученик може да конкурира само со еден есеј, кој треба да биде оригинален, со силен израз и мисла која ја отсликува темата на конкурсот. За учениците од четврто до шесто одделение, есејот треба да има до 200 зборови, додека за учениците од седмо одделение основно образование до четврта година средно образование треба да има од 200 до 300 зборови.

Најдобрите есеи ќе ги избира посебна Комисија, а учениците кои ќе освојат прво место на овој натпревар во секоја од четирите категории ќе добијат пригодна награда. Наградените трудови со шифрите ќе бидат објавени на веб-страницата на Министерството за образование и наука (www.mon.gov.mk), на 26 мај 2025.

Повеќе информации за  начинот на пријавување се достапни во објавениот конкурс.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Од владата за ТВ 24 по средбата Мицкоски – Таравари

Следно

Средба Мицкоски – Таравари: Одлука нема, разговорите продолжуваат!

Latest from Blog

Над 100 со повреди на мозокот и двајца загинати на „ролеркостер од пеколот“ (ВИДЕО)

„Сикс Флегс свесно се коцкале со животите на луѓето. Не треба да се дозволи да постои никакво вакво возење“, рече Кристофер Булон, адвокат што ги застапува оштетените страни во граѓански тужби, најавувајќи
Go toTop