Трамп воведува 100 % царина за филмовите снимени во странство

May 5, 2025
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека ги овластил Министерството за трговија и американското трговско претставништво да започнат процес на воведување 100 % царини за сите филмови произведени во странство што влегуваат во земјата, известува Анадолу.

Во соопштението објавено на неговиот профил на социјалната мрежа „Трут сошал“, Трамп наведе дека филмската индустрија во Америка забрзано „умира“.

Посочувајќи дека другите земји нудат секаков поттик за преместување на филмските продуценти и студија подалеку од САД, во објавата Трамп вели: „Холивуд и многу подрачја во САД буквално се опустошени“.

Нагласувајќи дека ова е намерен напор од страна на други земји, Трамп истакна дека затоа претставува закана за националната безбедност и додаде дека покрај сето ова, ова претставува порака и пропаганда.

„Затоа, ги овластувам Министерството за трговија и американското трговско претставништво веднаш да го започнат процесот на воведување 100 % царини на сите филмови произведени во странство што доаѓаат во нашата земја. Сакаме филмовите повторно да се снимаат во Америка“, наведе Трамп.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сиљановска-Давкова: Македонскиот стандарден јазик не е само важен елемент на историјата на самостојна, суверена и независна Македонија, туку и темел и потпора на македонскиот идентитет

Следно

Одбојкарите на Струмица во младинска конкуренција се шампиони на Македонија

Latest from Blog

Николоски: Од март „Флајдубаи“ директно ќе лета од Дубаи до Скопје

Од март 2027 година ќе биде воспоставена директна авиолинија меѓу Дубаи и Скопје, а паралелно се водат разговори за директно поврзување на Охрид со еден од аеродромите во Обединетите Арапски Емирати, соопшти

Над 100 со повреди на мозокот и двајца загинати на „ролеркостер од пеколот“ (ВИДЕО)

„Сикс Флегс свесно се коцкале со животите на луѓето. Не треба да се дозволи да постои никакво вакво возење“, рече Кристофер Булон, адвокат што ги застапува оштетените страни во граѓански тужби, најавувајќи
Go toTop