Лазаров: Немаме право на грешка на следните два натпревари

May 4, 2025
1 min read

Селекторот на македонската машка ракометна репрезентација КирилЛазаров зборуваше пред медиумите има мали проблеми, затоа што има неколку повредени играчи, меѓу нив триото на Алкалоид, Мартин Велковски, Марко Митев и Никола Ѓорѓиев, како и крилото Цветан Кузманоски.

„Јас сум секогаш оптимист и во животот и во спортот, така ќе настапам и сега. Мора да бидеме претпазливи на моменталниот наш здравствен билтен, доста играчи ни фалат, има некои нови играчи кои мора да ги заменат во одлучувачки натпевари. Периодот е краток. немаме право на грешка, очекувам два психолошки тешки натпревари. Верувам во тимот и во екипата дека ќе одговорат со вистинско лице, голем дел од играчите кои се повикани знаат какви се овие квалификациски натпревари и знаат како е да немаш право на грешка. Сакам да ја видам нивната реакција, а и на новите играчи кои се тука. Се надевам дека ќе одговориме на предизвикот. Естонците покажаа во Скопје дека играат на гол повеќе, Литванците се покажаа во добро светло со Словенија. Ќе ни биде потребна поддршката од нашите навивачи. Но, одиме чекор по чекор – прво одиме на Естонија, потоа на Литванија“, изјави Лазаров.

Македонија ќе работи во Скопје, а потоа заминува за Талин каде го игра првиот од двата меча во овој циклус против Естонија. Потоа следи враќање на домашно тло, каде го затвораме циклусот со меч со Литванија.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Билансот на убиени Палестинци во израелската геноцидна војна во Газа надмина 52.500

Следно

Ваут Пулс победник на 60. Претседателска велосипедска трка на Туркије

Latest from Blog

Не запира епидемијата на ебола во Конго, починаа речиси половина од заразените

Според најновите бројки од Светската здравствена организација (СЗО), инфекции се регистрирани во 63 здравствени зони во седум од 26-те провинции во земјата. Најновите потврдени случаи се Булу во провинцијата Суд Убанги и

Општина Битола: „Чкембари“ слават 41 година – подготвен спектакл за „осмиот играч“

Општина Битола и РК „Еурофарм Пелистер“ подготвуваат посебна фан-зона „Осмиот играч“ по повод 41 година од постоењето на навивачката група „Чкембари“. Фан-зоната ќе биде отворена во среда од 18:00 часот на платото

Најмалку десет непалски водичи исчезнаа во лавина на Хималаите

Алпинистите го подготвуваа теренот за претстојната експедиција, јавува Би-Би-Си. Според информациите од организаторите на искачувањето, станува збор за локални водичи кои биле на почетната точка во близина на врвот Химлунг Химал, во
Go toTop