„Ни вршат притисок да дадеме отказ“ – се жалат работниците на АД „Водостопанство“

May 3, 2025
1 min read

Работниците на АД „Водостопанство“ – Скопје, изразуваат револт кон институцијата каде што работат. Тие велат дека работат за минимални плати и дека од актуелното раководство им го менува работните места, испраќајќи ги на локации како Кочани и Свети Николе.

Работниците потенцираат дека овие проблеми почнале од кога дојде новиот директор како раководител на институцијата.

„Раководството на претпријатието донесе одлука да нѐ прераспредели од регионалниот центар во Скопје, во други градови како Кочани и Свети Николе. Исто така, да го намали бројот на работни места. Оваа одлука е донесена еднострано, без најава и без почитување на законските процедури. Ние сме на овие работни места повеќе од две години, со регуларна и правосилна валидна одлука“, вели Орхан Муќа.

Друг вработен вели дека за да одат до тие далечни работни места, нема да им стигнува платата ниту за патни трошоци.

„Имам мала плата, сакаат да ме пратат да одам во Кочани, Брегалница. А платата ми е мала, не ми даваат ниту услови ниту ништо за да одам таму. Со свои средства треба да одам, а платата ми е минимална“, вели Елфат Алиу.

„Веќе една година откако дојде новиот директор, секојдневно сме под притисоци да дадеме отказ. Првиот чекор беше што не ставија 10 луѓе во една мала канцеларија, и не обвинуваат дека не работиме, а ние немавме услови за работа. Јасно се гледа дека секој ден се врши ‘чистка’ за да се ослободат места за нови вработувања“, вели Рамадан Беќа.

За овие маки на работниците, ТВ21 се обрати до АД „Водостопанство“. Од таму ја добивме следнава изјава:

„Не сме во можност да доставиме известување од АД Водостопанство за посочениот предметен случај во моментов бидејќи е неработен ден. Ви благодариме на разбирањето“.

Во телефонски разговор со директорот Филип Филиповски, ни беше кажано дека овие поплаки не се вистинити и дека тоа ќе го докаже во понеделник.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Маж ја убил сопругата и се обидел да побегне, уапсен на Табановце

Следно

Народот Ваорани – чувар на традицијата среде модерното време

Latest from Blog

Нетанјаху од Американците бара детали за преговорите со Иран- се плаши од преголеми отстапки

Според израелски извор запознаен со деталите, Нетанјаху се обидува да добие информации за напредокот на преговорите и да разбере кои опции се моментално на маса. Според истиот извор, Израел изразува загриженост за

Отворен вториот дел од реконструираното Одделение за управни работи во зградата на МТВ

Во зградата на Македонската телевизија денеска официјално беше отворен вториот дел од реконструираното Одделение за управни работи. На настанот присуствуваше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој истакна дека реновирањето е дел
Go toTop