Владата ја укина субвенционираната струја за производителите зашто не ги намалија цените, ја замрзна и цената на лебот

February 28, 2023
2 mins read

Замрзнатата цена се однесува на белиот и полубелиот леб – таа ќе изнесува 33 денари за леб со тежина од 450 грама или повеќе. За оние со помала тежина, пак, 33 денари е горната граница за цената

Владата одлучи да го укине субвенционирањето, односно повластената тарифа за струјата што ја трошат производителите на основните прехранбени продукти затоа што не ги намалиле цените на основните прехранбени производи.

„Во декември лани овозможивме производствените капацитети на основни прехранбени производи да се снабдуваат со електрична енергија со пониски цени преку ‘ЕСМ продажба’, односно овозможивме тие да се снабдуваат со струја по цена од 80 евра по мегават-час во услови кога цените на берзите беа и над 400 евра за мегават-час, а целта ни беше да влијаеме на намалување на цените на основните прехранбени производи. Јас нема да дозволам неоправдано покачување на цените. Помина доволен период од донесувањето на последниот пакет антикризни мерки за цените да се усогласат бидејќи помошта од државата беше навремена и реална. По извршените проверки од ДПИ, иако производителите на основните прехранбени производи добиваа субвенционирана струја, цените на своите производи не ги намалија или ги намалија незначително. Ова се однесува на некои од производителите, додека дел ги намалија од 7 до 12 отсто“,

соопшти на прес-конференција премиерот Димитар Ковачевски.

Отсега, рече тој, производителите на основните прехранбени производи ќе се снабдуваат со електрична енергија согласно Законот за енергетика и правилата за снабдување со електрична енергија.

Покрај укинувањето на мерката за струјата што ја плаќаат производителите, Владата одлучи да ја замрзне цената на лебот на 33 денари.

„Со втората одлука ја замрзнуваме цената на белиот и полубелиот леб, сечен на парчиња или цел, на 33 денари, односно цена од 33 денари по леб со тежина од 450 грама и повеќе, а за леб со тежина под 450 грама се утврдува цена во висина до 33 денари по леб која ќе биде во сооднос со тежината на лебот“,

рече Ковачевски.

Тој пред да ги соопшти ваквите одлуки од денешната владина седница потсети дека за антикризните мерки донесени во 2022 година биле потрошени 750 милиони евра, што е најмногу во споредба со земјите од регионот и тоа било направено за граѓаните и компаниите да може да ги планираат нивните трошоци и функционирање во услови на криза. Во рамки на тие мерки, рече тој, беше и одлуката за повластена тарифа за струја што ја добија производителите на основните производи, но не ги намалија цените.

„Антикризните мерки не ги донесовме за едни да бидат поповластени од други, за едни да плаќаат, а други да се богатат. Антикризните мерки не беа донесени со цел да удрат по џебот на граѓаните, а на бенефит на поединци“,

порача Ковачевски.

На прес-конференцијата со Ковачевски присуствуваше и министерот за економија, Крешник Бектеши, кој најави дека одлуките за укинување на повластената тарифа за струјата и за замрзнување на цената за лебот ќе бидат објавени во Службен весник денеска или утре.

За производителите на основни прехранбени производи наведени дека согласно мрежните правила и договорот што го има со нив ЕСМ Продажба, државната компанија ќе почне да ги информира дека во одреден период ќе треба да најдат друг снабдувач со електрична енергија.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Бектеши: Компаниите не се оштетени со замрзнувањето на цената на лебот

Следно

Турскиот претседател Ердоган најави забрзана урбана трансформација

Latest from Blog

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БиХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

Американски дипломати побарале од Кристијан Шмит да поднесе оставка од функцијата висок претставник за БиХ, но, тој го одбил барањето, наведувајќи дека е силно поддржан од Германија, која го предложила за оваа

Нормализиран сообраќајот на магистралниот пат Струмица – Радовиш

Од 19:20 часот сообраќајот на магистралниот пат Струмица – Радовиш е нормализиран, информира АМСМ. Претходно АМСМ соопшти дека поради случена сообраќајна несреќа од 14:46 часот сообраќајот на магистралниот пат Струмица – Радовиш

Ким Кардашијан не верува во слетувањето на Месечината: НАСА ВЕДНАШ СЕ ОГЛАСИ

Во својата нова епизода од „Кардашијан“ риалити ѕвездата Ким Кардашијан изјави дека и таа припаѓа на групата луѓе кои веруваат во една од најпознатите теории на заговор за слетувањето на Месечината. Имено,
Go toTop