Стотици студенти на францускиот „Сајанс По“ на протест за поддршка на Палестина

April 25, 2025
1 min read

СКОПЈЕ (АА) – Стотици студенти на Универзитетот „Сајенс По“ во Париз, Франција, организираа протест, окупирајќи делови од главниот кампус на универзитетот во знак на револт поради врските на институцијата со израелските академски институции при тековниот конфликт во Газа, јавува Анадолу.

Демонстрантите се собраа и внатре и надвор од зградата, носејќи транспаренти и палестински знамиња, извикувајќи слогани како „Палестина ќе победи“ и „Да живее Палестина“.

Некои студенти ги обоија рацете во црвена боја за да го симболизираат крвопролевањето во Газа, а со транспарентите го обвинија универзитетот за соучесништво во она што демонстрантите го нарекоа „геноцид“.

Маскиран портпарол ја повика администрацијата да ги прекине врските со израелските универзитети, поточно Универзитетот во Тел Авив поради неговата наводна поврзаност со израелските воени операции.

Израел ја продолжи својата офанзива во Појасот Газа на 18 март прекршувајќи го договорот за прекин на огнот и размена на затвореници што стапи на сила во јануари. Од октомври 2023 година досега во енклавата се убиени речиси 51.400 Палестинци, повеќето жени и деца.

Минатиот ноември Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата поради воените дејства што ги доведоа луѓето на територијата на раб на глад.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во која земја е најевтино, а во која најскапо горивото? Литар бензин во оваа држава чини само 1,7 денари

Следно

Најмногу дожд во Крушево и Маврови Анови, времето денеска променливо облачно и нестабилно

Latest from Blog

Мајка на четири деца е пронајдена обесена во САД- полицијата смета дека сѐ е инсценирано

Властите изјавија дека веруваат оти нејзината ќерка, 29-годишната Тасија Форчун, веќе била мртва пред телото да биде поставено на местото на злосторството, за кое велат дека било наместено. Откривањето на телото на

Сити во небрано, спонзорите веќе ги разгледуваат договорите и размислуваат за повлекување

Манчестер сити би можел да претрпи сериозен финансиски удар доколку остане во сила одлуката во случајот за наводните прекршувања на финансиските правила во Премиер лигата. Според информациите што ги пренесуваат британските медиуми,

Не запира епидемијата на ебола во Конго, починаа речиси половина од заразените

Според најновите бројки од Светската здравствена организација (СЗО), инфекции се регистрирани во 63 здравствени зони во седум од 26-те провинции во земјата. Најновите потврдени случаи се Булу во провинцијата Суд Убанги и
Go toTop