Кремљ задоволен од ставот на САД кој ја отфрла можноста за членство на Украина во НАТО

April 21, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Кремљ денес соопшти дека е „задоволен“ од ставот на американската администрација која ја исклучува можноста за членство на Украина во НАТО, јавува Анадолу.

„Од Вашингтон на различни нивоа слушнавме дека членството на Украина во НАТО не доаѓа предвид. Ова е нешто што нè задоволува и се совпаѓа со нашата позиција“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за новинарите во Москва.

Песков нагласи дека Киев не треба да има перспектива за интеграција во воениот сојуз, додавајќи дека членството на Киев во НАТО претставува закана за националните интереси на Русија.

„Токму ова е една од главните причини за тековниот конфликт (во Украина),“ додаде тој.

Тој, исто така, одговори и на изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој изрази надеж дека Русија и Украина би можеле да постигнат договор уште оваа недела, велејќи дека Москва останува отворена за изнаоѓање решение за војната.

Песков не прецизираше временска рамка за можно решение за конфликтот.

Претходно вчера, Трамп изјави дека се надева оти двете земји ќе постигнат договор оваа недела за ставање крај на конфликтот, откако 30-часовниот прекин на огнот за Велигден, што започна во саботата во 18 часот по московско време, истече без продолжување.

И Русија и Украина се обвинија меѓусебно за прекршување на прекинот на огнот додека беше на сила.

Од почетокот на мандатот на Трамп во јануари, САД ги засилија дипломатските напори за ставање крај на над тригодишната војна, одржувајќи директни разговори со Москва и Киев.

Трамп во петокот изјави дека преговорите меѓу Украина и Русија „влегуваат во клучна фаза“, но предупреди дека САД ќе ги прекинат напорите за прекин на огнот доколку „една од страните значително го отежни процесот.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Расте цената, опаѓа продажбата! – 92 илјади евра за 1 кг 24 каратно злато

Следно

Ердоган: Туркије сега е меѓу 11-те земји кои произведуваат свои сателити

Latest from Blog

Мајка на четири деца е пронајдена обесена во САД- полицијата смета дека сѐ е инсценирано

Властите изјавија дека веруваат оти нејзината ќерка, 29-годишната Тасија Форчун, веќе била мртва пред телото да биде поставено на местото на злосторството, за кое велат дека било наместено. Откривањето на телото на

Сити во небрано, спонзорите веќе ги разгледуваат договорите и размислуваат за повлекување

Манчестер сити би можел да претрпи сериозен финансиски удар доколку остане во сила одлуката во случајот за наводните прекршувања на финансиските правила во Премиер лигата. Според информациите што ги пренесуваат британските медиуми,

Не запира епидемијата на ебола во Конго, починаа речиси половина од заразените

Според најновите бројки од Светската здравствена организација (СЗО), инфекции се регистрирани во 63 здравствени зони во седум од 26-те провинции во земјата. Најновите потврдени случаи се Булу во провинцијата Суд Убанги и
Go toTop