Продолжуваат протестите во Кочани: Семејствата на жртвите бараат правда за пожарот во дискотеката „Пулс“

April 19, 2025
1 min read

Семејствата на загинатите во пожарот што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани организираа трет протестен марш во знак на сеќавање на трагедијата што се случи на 16 март. На маршот, кој започна од Паркот на револуцијата и продолжи кон општината, полицијата и Основниот суд, се собраа стотици граѓани кои носеа фотографии од загинатите деца, изразувајќи солидарност и барање за правдата да излезе на виделина.

На протестот, семејствата на загинатите изјавија: „Нашите деца беа убиени од алчноста, правдата мора да излезе на виделина“ и ја изразија својата болка и гнев за пропустите на институциите. Според нив, полицијата не интервенирала навремено, што довело до огромни загуби.

Пожарот, кој избувна за време на концертот на групата „ДНК“, резултираше со смртта на 62 лица, вклучувајќи шест деца, а 193 беа повредени, од кои 25 деца. Истрагата за трагедијата продолжува, а повеќе од 60 лица, вклучувајќи поранешни министри за економија, градоначалници и полициски службеници, се под истрага.

МВР и Јавното обвинителство откриле сериозни пропусти при издавањето на лиценците за работа на дискотеката „Пулс“. Според државниот јавен обвинител Љубомир Коцевски, „поранешните министри за економија издавале лиценци без целосна документација“, што го стави целото општество во опасност.

„Од Дирекцијата за заштита и спасување немало елаборати и правилна документација на која би можел министерот да издаде лиценца“, додаде Коцевски.

Протестите продолжуваат, бидејќи семејствата бараат правда и одговорност од сите инволвирани. Институциите пак најавуваат и законски измени за да се спречат слични трагедии во иднина.

ИЗВОР: racin.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Си-Ен-Ен: Администрацијата на Трамп е подготвена да ја признае руската контрола на Крим со цел да се стави крај на војната

Следно

19-годишен возач загина кај Миравци

Latest from Blog

Божиновска: Жените инженери се двигател на енергетската иднина

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска упати порака по повод Меѓународниот ден на жените во инженерството, истакнувајќи дека жените сè почесто ја менуваат сликата во енергетскиот сектор и придонесуваат

ВЛЕН: До 10.000 евра за млади кои сакаат да започнат сопствен бизнис

Со објавувањето на јавниот повик за мерката за самовработување започнува имплементацијата на Оперативниот план за вработување 2026, кој, според ВЛЕН, претставува значајна можност за граѓаните и развојот на претприемништвото. Преку оваа мерка,

Коњановски: Четврта година по ред летна пракса за 40 студенти во Општина Битола

Општина Битола во соработка со Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола и ова лето, по четврти пат, ја организира универзитетската летна пракса, со цел унапредување на практикантската работа и поголемо вклучување на

Комуналец – Прилеп: Подобрување на јавните простори со нов парк во типската населба

Во завршна фаза е изградбата на новиот парк во типската населба во Прилеп, кој се гради во близина на стадионот со вештачка трева, информираат од ЈКП „Комуналец“ – Прилеп и Локалната самоуправа.
Go toTop