СДСМ бара Љутков да си поднесе оставка бидејќи сака културното наследство да му го препушти на бизнис секторот

April 18, 2025
1 min read

Социјалдемократите реагираат на идеата на министерот за култура, Зоран Љутков, културното наследство да му се препушти на бизнис секторот. Според нив барањето на Љутков, кој е министер од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, не смее да помине тивко

„Вредностите што ја раскажуваат нашата историја, кои ја обликуваат нашата колективна меморија и идентитет, да се третираат како деловна зделка. Како имот за експлоатација. Како недвижност, не како духовна вредност. Ова не е незнаење. Ова е опасна идеологија. И ова не смее да помине тивко. Културното наследство не е хотел. Не е трговски центар. Не е парче земја за инвестиции. Тоа е ткивото од кое сме составени како народ, како заедница, како држава. Не се мери со профит, туку со значење. Ако му го препуштиме на пазарот – ќе го изгубиме. Зградите ќе останат, ама ќе нема кој да ја раскаже приказната. Ќе имаме споменици без смисла, и туристички рути без душа“, велат од СДСМ.

Социјалдемократите го повикаа Љутков да си поднесе оставка, бидејќи со таквата идеја прави штета врз корените, идентитетот и колективната свест.

„Господине Љутков, културното наследство не се „оправува“ со ППП(Public-Private Partnership) или со приватен партнер. Се чува со љубов, со знаење, со стручност и со јасна визија. Културното наследство не е само трага од минатото – тоа е жива врска што нè поврзува со корените, идентитетот и колективната свест. Да го зачуваш значи да ја зачуваш душата на еден народ, неговото право да се памети и да постои. Ние имаме обврска културното наследство да го одржуваме негуваме и да им го предадеме на идните генерации. А ако не го разбирате тоа – време е да си заминете“, порачуваат од СДСМ .

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков смета дека за да се заштити културното наследство потребни законски измени во делот на културното наследство како и национална стратегија за сите објекти кои се под заштита.

Љутков решението го гледа во менување на законот со што ќе се овозможи на приватниот сектор да може да прави бизнис од него и на тој начин да се материјализира целата работа.

„Затоа ние денес разговараме за законски измени да може да се отвори структурата како владини институции нашето културно наследство да го дадеме на приватниот сектор за да може да прави бизнис од него. На тој начин со приватно јавно партнерство може да се материјализира целата работа. Целиот свет се отвори на тој начин, а само ние останавме да го штитиме и да го затвораме. Јас ќе жалам ако сега не ги отвориме законите и не направиме промени“, рече Љутков.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Хрватска воведува задолжителен воен рок

Следно

Пронајдени трите девојчињата кои беа пријавени за исчезнати во Скопје

Latest from Blog

АБТЦ и „Тиквеш“ меѓу гостите на престижниот годишен ручек на Трговската комора на Илиноис во Америка

Американскиот Балкански Трговски Центар (АБТЦ) и винарската визба „Тиквеш“ беа меѓу гостите на овогодинешниот престижен годишен ручек организиран од Трговската комора на Илиноис, на кој присуствуваа претставници на водечки компании во државата,

Далиќ започна на блескав начин како селектор на ОАЕ

По речиси една деценија брилијантно водење на хрватската репрезентација, Златко Далиќ одлучи да замине во Азија, каде што ја презеде селекцијата на Обединетите Арапски Емирати. Синоќа тој дебитираше за новата репрезентација и

Николоски: Од март „Флајдубаи“ директно ќе лета од Дубаи до Скопје

Од март 2027 година ќе биде воспоставена директна авиолинија меѓу Дубаи и Скопје, а паралелно се водат разговори за директно поврзување на Охрид со еден од аеродромите во Обединетите Арапски Емирати, соопшти

Над 100 со повреди на мозокот и двајца загинати на „ролеркостер од пеколот“ (ВИДЕО)

„Сикс Флегс свесно се коцкале со животите на луѓето. Не треба да се дозволи да постои никакво вакво возење“, рече Кристофер Булон, адвокат што ги застапува оштетените страни во граѓански тужби, најавувајќи
Go toTop