Најмалку 38 лица се убиени во американските воздушни напади врз Јемен

April 18, 2025
1 min read

ВАШИНГТОН / ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 38 лица, меѓу кои и пет здравствени работници, се убиени во американските воздушни напади врз јеменското нафтено пристаниште Рас Иса во областа Ал Худајда, соопшти телевизијата на Хуси, Ал-Масирах, јавува Анадолу.

Телевизијата објави дека уште 102 лица се повредени во нападите, при што бројот на жртви би можел дополнително да се зголеми бидејќи спасувачките операции се сѐуште во тек.

Претходно, Ал-Масирах информираше дека „американскиот непријател извршил четири воздушни напади врз подрачјето на Рас Иса“, без да прецизира кои биле точните цели и последици од нападите.

Американската Централна команда (CENTCOM) потврди дека го уништила нафтеното пристаниште.

„Денеска, американските сили презедоа акција за елиминирање на овој извор на гориво за терористите Хуси поддржани од Иран и за да ги лишат од нелегалните приходи кои повеќе од 10 години го финансираат нивниот терор низ регионот,“ објави ЦЕНТКОМ на социјалната мрежа X.

Од командата истакнаа дека целта на операцијата била економски да се ослабат Хусите, а не да му се наштети на јеменскиот народ.

„Хусите поддржани од Иран го користат горивото за да ги одржуваат своите воени операции, како средство за контрола и економска корист преку проневера на добивките од увозот. Ова гориво треба легитимно да им припаѓа на граѓаните на Јемен,“ се додава во соопштението.

По нападот, екипите од цивилната заштита и спасувачките тимови продолжуваат со гаснење на пожарот и извлекување на повредените од пристаништето.

Американскиот претседател Доналд Трамп минатиот месец соопшти дека наредил „решителна и моќна воена акција“ против Хусите и подоцна се заканил дека ќе ги „уништи до темел“.

Од ноември 2023 година, Хусите вршеа напади врз бродови што пловат низ Црвеното и Арапското Море, теснецот Баб ел-Мандеб и Аденскиот залив, како израз на поддршка за Палестинците во Појасот Газа, каде што, според податоци, повеќе од 51.000 луѓе се убиени во израелските напади што траат повеќе од 18 месеци.

Групата ги прекина нападите кога беше постигнат прекин на огнот во Газа во јануари годинава, но повторно ги обнови откако Израел ги продолжи воздушните напади врз енклавата минатиот месец.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Приведени двајца криумчари – пронајдени мигранти од Кина и Авганистан

Следно

Лишени од слобода двајца криумчари, пронајдени мигранти од Кина и Авганистан

Latest from Blog

Путин му честита на Ким, повикува на зајакнување на стратешкото партнерство со Северна Кореја

„Секако, ќе продолжиме со нашата тесна заедничка работа насочена кон зајакнување на стратешкото партнерство меѓу Москва и Пјонгјанг“, рече Путин во пораката објавена од Кремљ, уверувајќи дека „ова несомнено одговара на фундаменталните

Општина Битола: Подобра инфраструктура за жителите на „Леринска“ и „Христо Узунов“

Во Општина Битола во тек се градежни активности за реконструкција на дел од коловозот на улиците „Леринска“ и „Христо Узунов“. Моментално, јавното претпријатие „Нискоградба“ работи на изведба на мешовита канализациска мрежа, која

Вајц го вклучи АЛАРМОТ во Софија, шовинистички БГНЕС во уплав навредува без исав

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Најзагрижениот за бугарската кауза е инструираниот БГНЕС (читај најнационал-шовинистички настроен) „медиум“ кој објави подолга националистички

Омерагиќ ги отвора вратите: навивачите ќе бидат дел од тренингот пред натпреварот со Данска

Претседателот на Фудбалска федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, упати јавна покана до сите љубители на фудбалот да присуствуваат на отворениот тренинг на македонската репрезентација. Тренингот ќе се одржи денеска во тренинг центарот
Go toTop