Приведени двајца криумчари – пронајдени мигранти од Кина и Авганистан

April 18, 2025
1 min read

На  17.04.2025 во 19.30 часот на граничната линија помеѓу Република Северна Македонија и Република Грција, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица забележале пет лица при обид илегално да ја преминат државната граница.

Притоа, од слобода биле лишени Л.Ј.(35) и 17 – годишник од Кина и У.К.(23) од Авганистан, додека две лица го напуштиле местото.

Набргу, по преземени мерки и активности, а поради сомнение дека сториле кривично дело „криумчарење мигранти“ по член 418 – Б од Кривичниот законик, исто така, во близина на граничната линија биле лишени од слобода Д.Т.(32) и 49 – годишната В.Т., двајцата од Гевгелија.

Во нивна близина биле пронајдени мобилни телефони кои биле подигнати за понатамошна постапка, а тие биле задржани во полициска станица.

По целосно документирање на случајот и во координација со јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Додик со закани и „специјалци“: Никој не смее ни да помисли да ме уапси

Следно

Најмалку 38 лица се убиени во американските воздушни напади врз Јемен

Latest from Blog

Љубовницата од концертот на Колдплеј ѝ се нафрли на Гвинет Палтроу (ВИДЕО)

Кабот, чиј приватен и деловен живот е нарушен по виралниот инцидент со таканаречената „камера за бакнување“ на концертот на „Колдплеј“, ја нарече актерката лицемерка. „Како се осмелува?“ Во серија нови интервјуа, Кабот

(Видео) Сепак постојат: Прв пат снимена ЦЕРЕМОНИЈА НА ИЛУМИНАТИТЕ

Со години, Илуминатите ја пречекоруваа границата помеѓу митот и реалноста. Гласини, теории, шепотења и фрагментарни сведоштва сочинуваа темен мозаик, но внатрешноста никогаш не беше осветлена. Сè до денес, објавува Прототема. Во новата

Домашно реми на Валенсија против Мајорка

Тимот на Валенсија, за кој денеска Столе Димитриевски не беше ниту на клупата за резерви предмалку пред своите гледачи во рамките од новото коло од шпанската Примера одигра нерешено 1:1. Домаќинот имаше

Андоновски: Првпат ќе промовираме владин центар за одговор на сајбер инциденти

Владин центар за одговор на сајбер инциденти ќе биде промовира во првата половина од наредната година, најави вечерва министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. -За многу скоро. Веќе завршуваме со дел од

ФФМ: Пласманот на Шкендија е голем успех за македонскиот клупски фудбал

Фудбалската федерација на Македонија и нејзиниот претседател Масар Омерaгиќ упатија честитки до фудбалскиот клуб Шкендија за изборениот пласман во елиминациската фаза од УЕФА Лигата на конференции. Од ФФМ оценуваат дека остварениот успех
Go toTop