ССМ на 1 Мај ќе ги повтори барањата за зголемување на минималната плата и на останатите плати

April 17, 2025
1 min read

Сојузот на синдикати на Македонија на Првомајскиот протест повторно ќе побара зголемување на минималната плата на 500 евра, како и зголемување на останатите плати за 100 евра и зголемување на платите во јавниот сектор за 12,6 проценти согласно Општиот колективен договор. 

–  Сведоци сме дека денеска, за креаторите на политиките е најважно да ги зачуваат нивните енормно покачените плати сега веќе за 79 проценти, а од друга страна, дел од работниците во јавниот сектор не добија усогласување на нивните плати со порастот на просечната плата согласно Општиот колективен договор за јавниот сектор, не го прифатија барањето на ССМ за зголемување на минималната плата за дополнителни 6.000 денари со зголемување и на останатите плати за истата вредност. Денеска, работниците во Македонија се соочуваат со се поголем притисок за нивната егзистенција поради високите трошоци за живот и ниските плати. Денес, сите Ние, сите Вие, имаме и имате можност и шанса да покажеме дека тие кои ја водат Државата треба да го слушнат гласот на работниците, имаме можност да го покажеме работничкото незадоволство и заедно да излеземе на голем работнички протест на 1 Мај, на кој ќе ги упатиме пораките, нашите и работничките барања, стои во денешната објава од ССМ испратена до медиумите.

Протестот со кој ССМ ќе го одбележи Меѓународниот ден на трудот ќе започне во 11 часот од Работничкиот дом во Скопје и ќе продолжи пред Собранието и Стопанскста комора, а ќе заврши пред Владата.

Минималната плата е зголемена за 1.800 денари и сега изнесува околу 24.400 денари. Од Владата велат дека зголемувањето на минималната плата е согласно критериумите во Законот за минимална плата, но од Сојузот на синдикати на Македонија го спорат донесувањето на ваквата одлука затоа што не е помината на Економско-социјалниот совет, кој, пак, нема одржано седница затоа што се чека одлука од Комисијата за репрезентативност која треба да одлучи за репрезентативноста на ССМ. 

ИЗВОР: racin.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Дебар: Водата да се преврива пред пиење!

Следно

ЦУК: Паднато дрво оштети три автомобили и скина кабли од бандерите

Latest from Blog

Продолжува јавната дебата за плоштадот „Гоце Делчев“ во Битола

Општина Битола денеска го одржа вториот граѓански форум посветен на уредувањето на плоштадот „Гоце Делчев“, на кој беа презентирани повеќе предлог-идеи за неговата иднина и можното ново обликување на просторот. На форумот

Морничава порака од Израел: “НА АМЕРИКА ТРЕБА ДА И СЕ СЛУЧИ НОВ 11. СЕПТЕМВРИ…“

Израелскиот аналитичар за одбрана, Бени Сабти, изјави дека САД можеби ќе мора да претрпат уште еден голем напад за да ја вратат поддршката за Израел. Сабти, експерт за Иран во израелскиот Институт

Стентон Градба успешно го реализираше индустрискиот капацитет на Brainchild

Новиот производствен објект на компанијата Brainchild во ТИРЗ Жабени – Битола е завршен и ставен во функција, а изведбата на проектот ја реализираше градежната компанија Стентон Градба, која уште еднаш го потврди
Go toTop