Израелски борбен авион случајно исфрлил бомба во близина на границата со Газа

April 16, 2025
1 min read

ЕРУСАЛИМ (АА) – Израелски борбен авион поради „технички дефект“ случајно исфрлил бомба во близина на населбата Нир Јицхак, на границата со Газа, соопшти израелската Армија, јавува Анадолу.

Во соопштението се наведува дека муницијата паднала на отворено подрачје во близина на населбата и дека при инцидентот нема повредени лица. Случајот е предмет на истрага.

Локални жители за весникот „Једиот ахронот“ изјавија дека не забележале ништо невообичаено, бидејќи се навикнати на честите експлозии што доаѓаат од воените активности во Газа. Тие слушнале експлозија, но не се посомневале дека станува збор за нешто различно.

Ова не е прв ваков инцидент откако Израел започна со геноцидната офанзива врз Газа. Во јуни 2024 година, тенковски проектил наменет за цели во Газа залутал и завршил на израелска територија, близу до граничната ограда.

Еден месец претходно, 500-килограмска бомба исфрлена од авион „Ф-15“ била пронајдена неексплодирана меѓу куќи во населбата Мошав Јатед во реонот Ешкол, што Армијата го оцени како „исклучителен, редок и опасен“ настан.

Израелската Армија ја обнови смртоносната офанзива врз Газа на 18 март, со што го наруши прекинот на огнот и договорот за размена на затвореници што беше постигнат во јануари.

Од почетокот на израелската офанзива врз Газа, во октомври 2023 година, досега загинале најмалку 51.000 Палестинци, најголем дел од нив жени и деца.

Меѓународниот кривичен суд во ноември издаде налог за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант поради воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Истовремено, Израел се соочува со тужба за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата поради војната против оваа палестинска енклава.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Извршена првата операција на човек со прекумерна дебелина на државен трошок

Следно

Без натпревари во вечерен термин од следната сезона во Серија А

Latest from Blog

Мајка на четири деца е пронајдена обесена во САД- полицијата смета дека сѐ е инсценирано

Властите изјавија дека веруваат оти нејзината ќерка, 29-годишната Тасија Форчун, веќе била мртва пред телото да биде поставено на местото на злосторството, за кое велат дека било наместено. Откривањето на телото на

Сити во небрано, спонзорите веќе ги разгледуваат договорите и размислуваат за повлекување

Манчестер сити би можел да претрпи сериозен финансиски удар доколку остане во сила одлуката во случајот за наводните прекршувања на финансиските правила во Премиер лигата. Според информациите што ги пренесуваат британските медиуми,

Не запира епидемијата на ебола во Конго, починаа речиси половина од заразените

Според најновите бројки од Светската здравствена организација (СЗО), инфекции се регистрирани во 63 здравствени зони во седум од 26-те провинции во земјата. Најновите потврдени случаи се Булу во провинцијата Суд Убанги и
Go toTop