АХВ уништи 1.230 килограми небезбедна храна пред Велигден

April 13, 2025
1 min read

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) уништи 1.230 килограми небезбедни производи при засилените вонредни контроли спроведени пред велигденските празници. Најголем дел од запленетата стока е месо и месни преработки, но има и јајца, бои за јајца, мед, ракија, маслиново масло и други производи.

Контролите опфатија 350 оператори со храна, а целта беше спречување на нелегална трговија и пласирање на небезбедни производи на пазарот. За утврдените неправилности се изречени казни во вредност од 3.650 евра и издадени се 22 решенија за нивно отстранување.

Од АХВ апелираат до граѓаните да купуваат храна само од регистрирани продавници и пазари, да внимаваат на декларациите, рокот на траење и условите за чување, особено на леснорасипливите производи.

Секој што ќе забележи неправилности може да пријави на бесплатниот број 0800 3 22 22 или на [email protected].

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Минимални температури во минус, преку ден 22 степени

Следно

Ралев: Од урбанистички и од хуман аспект во Скопје се живее со стрес

Latest from Blog

Мицкоски: Ќе одговара секој кој прави криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и ако тој глас допре до мене

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски попладнево одговарајќи на пратеничко прашање дека секој оној кој што прави какво било криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и тој глас допре

Стоилковски: Предвремени парламентарни избори нема да има

Советникот во кабинетот на премиерот за комуникации и односи со јавност задолжен за координација на портпароли, Наум Стоилковски во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 порача дека предвремени парламентарни избори нема да има.
Go toTop