Протест пред Општина Кичево: „Да се дислоцира отпадот од градот, нѐ гуши“

April 12, 2025
1 min read

Кичевчани самоорганизирани протестираа пред општината барајќи дислокација на отпадот од депонијата која се наоѓа во градот, зад јавното претпријатие „Комуналец“.

Протестот започна со една минута молк за жртвите од Кочани.

Потоа организаторот на протестот побара решение за депонијата од која, како што рече, се шири лоша миризба и секој ден ги гуши.

Граѓаните кои протестираат стравуваат за нивното здравје затоа бараат решение од градоначалникот.

Протестот беше мирен, а организаторите им порачаа на институциите дека нема тука да запираат бидејќи ќе протестираат додека не се исполни нивното барање.

Следниот протест е најавен за после две недели.

Прашан за овој проблем, градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари, за ТВ21 изјави дека депониите се проблем на претходните но и актуелната Влада и според него на овој начин се обидуваат да управуваат со отпад додека да се изгради регионалната депонија кај Новаци. Дехари исто така истакна дека го почитува гласот на граѓаните и дека се обидуваат да го направат најдоброто за нив.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЗНМ: Недозволив обид за дискредитација на новинарка од страна на јавни функционери

Следно

Арнаутовиќ со гол и мајсторска асистенција ја најави победата на Интер (Видео)

Latest from Blog

Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Нов Зеланд, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот на земјотресот бил на Северниот остров, на длабочина од 280 километри и

Берзански промет од 11,4 милиони денари, најголем интерес за Комерцијална банка

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 15.10.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.056,22 поени. Во однос

Коњановски: Руралната жена е силата на Пелагонија и чувар на традицијата

Улогата на жените во земјоделството, зачувувањето на традицијата и можностите за современо производство беа во фокусот на манифестацијата „Рурална жена – силата на Пелагонија“, на која денеска присуствуваше градоначалникот на Битола, Тони

Вчера донесе голема победа во Рим, а веќе денес се шпекулира дека ќе го напушти Реал Мадрид?!

Антонио Ридигер би можел да го напушти Реал Мадрид на крајот од сезоната, а како една од можните дестинации се споменува Тотенхем. Искусниот германски дефанзивец има договор со „кралскиот клуб“ до летото

Мицкоски: „Кромберг и Шуберт“ го проширува производството, очекуваме над 400 милиони евра извоз

Компанијата „Кромберг и Шуберт“ започнува нов инвестициски проект во Битола за производство на автомобилски компоненти за „Ауди“, со кој се планирани 2.000 нови работни места во следните четири години, соопшти премиерот Христијан
Go toTop