Во Оман се одржаа индиректните преговори меѓу Иран и САД

April 12, 2025
1 min read

ТЕХРАН (АА) – Во Оман се одржаа индиректни преговори меѓу Иран и САД, известува Анадолу.

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Исмаил Бекаи, во пораката споделена на својот профил на социјалната мрежа X наведе:

„Индиректните разговори меѓу министерот за надворешни работи Абас Еракчи и специјалниот претставник на американскиот претседател (Доналд Трамп) за Блискиот Исток, Стив Виткоф, започнаа со посредство на министерот за надворешни работи на Оман, Бадр ал-Бусаиди.“

Бекаи информираше дека за време на разговорите на иранската и американската делегација им биле доделени посебни простории и дека министерот за надворешни работи на Оман, Ал-Бусаиди, ќе ги пренесува пораките меѓу двете страни.

– Преговарачкиот процес меѓу Иран и САД

Американскиот претседател Доналд Трамп, кој еднострано ја повлече својата земја од нуклеарниот договор со Иран во 2018 година, минатиот месец испрати писмо до иранскиот лидер, ајатолахот Али Хамнеи, во кое повика на директни нуклеарни преговори со Иран.

Во писмото, во кое имало и закани, Иран одговори преку Оман, најавувајќи дека нема директно да преговараат под закани и притисок и дека се подготвени само за индиректни разговори.

Американскиот претседател Трамп, пак, на 7 април во Белата куќа на средбата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, по кого Меѓународниот кривичен суд издаде налог за приведување за злосторства против човештвото, најави дека в сабота ќе има „директни“ разговори меѓу Иран и САД.

Трамп наведе дека „доколку не се постигне договор, Иран ќе биде во голема опасност“.

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Еракчи, истиот ден изјави дека разговорите меѓу Иран и САД ќе се одржат „индиректно“ во Оман на 12 април.

Во преговорите иранската делегација ја предводи министерот за надворешни работи Еракчи, додека специјалниот претставник на Трамп за Блискиот Исток, Стив Виткоф, ги претставува САД.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЕУ не сака да изгуби кандидатки поради Русија – Муцунски: Русија ја користи тезата дека ЕУ не е искрена за проширувањето

Следно

Крос со совет до фудбалерите на Реал Мадрид: Само нa еден начин ќе го елиминитрате Арсенал

Latest from Blog

Ѓорѓиевски: По долг застој продолжува изградбата на улицата „Љубљанска“

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес изврши увид во продолжувањето на градежните активности на улицата „Љубљанска“, со што по долг период на застој повторно се активира проектот за ставање во функција

Поранешниот градоначалник на Пробиштип под кривична пријава за незаконско одобрување на градба

Поранешен градоначалник на Пробиштип и двајца вработени во општината се соочуваат со кривична пријава поради сомнение за несовесно работење во службата. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднела пријава против три лица

Бејта го отвори изборниот штаб во Гостивар: „Чесност и транспарентност на прво место“

Коалицијата Вреди вчеравечер го отвори својот изборен штаб во Гостивар, со што официјално ја започна кампањата за повторените избори за градоначалник на 11 јануари. Кандидатот на коалицијата, Невзат Бејта, пред присутните ги
Go toTop