ИНРМ: Граѓаните сам да се бранат од паушални сметки – ЕВН нема капацитет за фер наплата според реална потрошувачка

April 12, 2025
2 mins read

Здружението на инженери на Република Македонија (ИНРМ), денеска преку соопштение им се обрати на граѓаните. Тие пишуваат дека ‘останува на граѓаните редовно да изразуваат сомнеж во точноста на своите сметки за електрична енергија и да поднесуваат приговори до ЕВН Хоме, со цел да се заштитат од нереално и паушално изготвени сметки врз основа на проценети (естимирани) вредности’.

„Со тоа, граѓаните користејќи го своето право да поднесуваат приговори ќе спречат неправедна наплата со префрлување во повисоки тарифни блокови, со што ЕВН им наплатува поголеми износи од реалната потрошувачка. Известување, забелешки и наше видување за текот и дискусиите на подготвителната седница во Регулаторната комисија за енергетика за Предлог-измените и дополнувањата на Правилата за снабдување со електрична енергија“, информираат од ИНРМ.

Здружението на инженери на Република Македонија иницираше измени на Правилата за снабдување со електрична енергија, поради евидентирани неправилности во фактурирањето на електричната енергија. Овие неправилности се резултат на нередовното отчитување на струјомерите и издавање на сметки врз основа на проценета, наместо реална потрошувачка. Целта на иницијативата е воведување на праведен, недискриминаторен и фер систем на наплата кој се базира на реалната потрошувачка и автоматска корекција на паушално изготвените сметки.

На подготвителната седница организирана од Регулаторната комисија за енергетика, покрај членовите на Комисијата, присуствуваа и четири претставници од Електродистрибуција и ЕВН Хоме – стручни и овластени лица кои дадоа свои коментари и забелешки на предложените измени.

Од текот на двоиполчасовната дискусија ги изнесуваме нашите согледувања и заклучоци:

ЕВН не е подготвена – ниту технички, ниту кадровски – да воспостави фер и недискриминаторен систем на наплата базиран на реалната потрошувачка.
Измените во софтверските решенија ЕВН не ги изведува самостојно, туку преку ангажирање на надворешни компании.
Иако се повикуваат на употреба на алгоритми за проценка на потрошувачката, досега никој не извршил увид или експертиза на програмскиот код, ниту ја анализирал точноста на алгоритмот.
ЕВН нема конкретна намера за брза замена на постојните броила со нови уреди кои овозможуваат далечинско отчитување.
Иако на веб-страната на ЕВН Дистрибуција се наведува дека на 31-ви декември постои автоматско отчитување и автоматска корекција на сметки за потрошувачите кои првпат влегуваат во четвртиот пресметковен блок, на седницата се утврди дека овие процеси не се целосно автоматизирани. Сметките сè уште се коригираат рачно и се базираат на предвидувања, наместо на реални податоци.

„Претседателот на Регулаторната комисија, Марко Бислимовски, побара од претставниците на ЕВН да достават дополнителни објаснувања поврзани со клучните прашања што беа отворени на седницата, давајќи им рок од 10 дена за тоа. По добивањето на овие информации, РКЕ ќе го соопшти својот конечен став по однос на предложените измени. Членот на комисијата Елена Маркова Велинова истакна дека со ваквите постапки ЕВН прекршува определени одредби од Законот за облигациони односи. До моментот на одлуката на РКЕ ситуацијата останува статус кво“.

ИНРМ, пишува дека врз основа на горенаведеното, се заклучува дека ЕВН нема капацитет за брза адаптација кон новите правила.

„Наместо да се потпира на сопствени ресурси, ЕВН користи надворешни софтверски добавувачи и нема соодветен кадар за модификација на софтверските системи. Било каква промена во постоечкиот систем за наплата ќе биде долг процес, кој би траел неколку години. Исто така, инсталирањето на нови паметни броила ии броила со далечинско отчитување ќе бара значително време и ресурси. Спроведувањето на праведен и точен систем за наплата според реалната потрошувачка, согласно ставовите на претставниците од ЕВН, може да значи и поскапување на електричната енергија, а имплементацијата не би се очекувала скоро“, информираат од ИНРМ.

Затоа според нив, останува на граѓаните редовно да изразуваат сомнеж во точноста на своите сметки за електрична енергија и да поднесуваат приговори до ЕВН Хоме, со цел да се заштитат од нереално и паушално изготвени сметки врз основа на проценети (естимирани) вредности. Со тоа, граѓаните користејќи го своето право да поднесуваат приговори ќе спречат неправедна наплата со префрлување во повисоки тарифни блокови, со што ЕВН им наплатува поголеми износи од реалната потрошувачка.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Норис и Пјастри со најдобро време на тренинзите во Бахреин

Следно

Зелен хуман град денес со протестен марш за труењето на Крива Река

Latest from Blog

Евровизија пропаѓа: Уште еден победник го враќа трофејот поради учеството на Израел (ВИДЕО)

Откако победникот на Евровизија 2024, Немо, јавно објави дека го враќа својот победнички трофеј на Европската радиодифузна унија (ЕБУ), друг победник на Евровизија одлучи да го стори истото. Тоа е ирскиот пејач

ФОТО: Дали имате природен магнетизам? Првото нешто што го забележувате открива дали…

Овој интересен визуелен тест ја користи перцепцијата како забавен начин за да ѕирнете во вашиот внатрешен свет. Ве повикува да истражите како вашите први импресии од една едноставна слика може да ги

Митева: Денешниот настап на СДС претставува сериозна штета за медиумскиот простор во Македонија кој мора да биде јасно осуден

Како човек кој секојдневно е во директна комуникација со Вас, медиумите и новинарите, чувствувам обврска јавно да реагирам. Премолчувањето во вакви ситуации би значело дека се откажуваме од одговорноста што ја имаме

Хаос во Индија: Само што си замина Меси – на теренот летаа шишиња (ВИДЕО)

Посетата на Лионел Меси на Индија беше одбележана со инцидент во Калкута, каде што настана хаос откако незадоволни навивачи влетаа на теренот на стадионот „Солт Лејк“, објавија локалните медиуми. По пристигнувањето во
Go toTop