Владата ја редефинира потрошувачката кошница – Ќе се пресметува за тричлено семејство

April 11, 2025
1 min read

Одморот во странство, алкохолот и цигарите ќе се сметаат за луксуз и нема да бидат дел од новата владина потрошувачка кошница. Како што најави заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, новата кошница ќе се пресметува за тричлено семејство, наместо за четиричлено, како што е во синдикалната кошница.

„Кошницата е веќе готова и наскоро ќе биде претставена на Економско-социјалниот совет. Ќе биде базирана исклучиво на релевантни податоци од Државниот завод за статистика и Државниот пазарен инспекторат, без простор за политиканство“, рече Ристески.

Тој додаде дека оваа кошница нема да се користи за креирање на јавно мислење, туку како алатка за креирање на економски политики што ќе го штитат стандардот на граѓаните. Според него, синдикатите немаат директна улога во изработката, но ќе бидат вклучени во процесот на усогласување, заедно со работодавачите и Организацијата за заштита на потрошувачите.

Во пресметките нема да влезат акцизни производи, ниту сезонски несоодветни овошја. Се земаат просечни цени од различни типови маркети и региони низ државата.

„Никој не им го одзема правото на граѓаните да одат на одмор, но не е реално тоа да се пресметува како неопходен трошок во потрошувачката кошница“, додаде Ристески.

Тој потсети дека Владата веќе постигнала резултати со замрзнување на цените – минатиот месец е забележана дефлација од 1,3%, а цените на основните производи паднале за 3%.

Во Законот за заштита на потрошувачи и Законот за прекршоци се воведени новини: транспарентно објавување цени на веб-страници, како и можност за затворање на маркети до 15 дена за прекршувања.

„Ова е дел од сеопфатна стратегија за подобра заштита на потрошувачите и реална слика за трошоците на едно просечно македонско семејство“, изјави Ристески.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Директор на Сименс и неговото семејство загинаа во хеликоптерска несреќа на Менхетен

Следно

Вандализирана новата детска градинка во Бутел 1, веќе има осомничени лица

Latest from Blog

Клучен енергетски објект што го снабдува Киев со греење и електрична енергија е погоден од руски балистички ракети

Енергетскиот објект и станбена зграда беа погодени во напад за кој претседателот рече дека дошол „без рано предупредување од  партнеритe“. Киев објави повеќе руски напади откако Трамп изјави дека Русија и Украина

Бурим Љатифи и МЕПСО со поддршка за подобри услови на Клиниката за торакална хирургија

АД МЕПСО донираше три милиони денари на Универзитетската клиника за торакална и васкуларна хирургија во Скопје. Средствата се наменети за набавка на нови болнички кревети и подобрување на условите за престој и
Go toTop