Мехмедовиќ: Нема потреба за нов клинички центар, ќе се промени начинот на давање на услуги за здравствена заштита

April 11, 2025
1 min read

Директорот на Клиниката за физикална медицина и рехабилитација Злате Мехмедовиќ, во „Дејли Клик“ на ТВ21 на прашањето дали е потребен нов Клинички центар на Македонија, рече дека тоа не е потребно, со оглед на тоа како се развива иднината на медицината.

„Немаме потреба од нов клинички центар, затоа што до 2050 година ќе се смени начинот на давање на услугите за здравствена заштита. Имавме студија да видиме какви ќе бидат болниците во иднината, и видовме дека тоа ќе бидат таканаречени „болници без ѕидови“. Знаеме колку тешко се гради Клинички центар, ќе излезе во период додека го изградиме новиот центар, ќе немаме потреба од него. ТВ медицината е во експанзија, веројатноста е дека преку сензори и преку некои меидицински апарати, ќе може да ги испратите информации до вашиот лекар, и тој да ви врати со соодветна терапија. Болници без ѕидови се веројатно новите клинички центри. И тоа не оди на штета на пациентот. Носите паметен часовник, може во моментот да ви измери пулс, во блиска иднина и ЕКГ, и податоците да му ги испратите на лекар, и тој да ви врати што треба да правите. Не се чудете ако ви стигне порака од вашиот лекар, затоа што вашиот часовник ќе мери параметри и самиот ќе му испрати порака на вашиот матичен лекар за вашата здравствена состојба, и вие ќе добиете се што треба да правите“, изјави Мехмедовиќ.

Тој кажа дека целта на секоја земја во светот е да создава здрава нација, наместо да лекува болести.

„Ниту една земја на светот не сака да лекува болести, туку да создава здрава нација“, рече Мехмедовиќ.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Јубилејна изложба на еден од најинвентивните: „90 години од раѓањето на Стефан Маневски“

Следно

Мохамед Салах го продолжи договорот со Ливерпул до 2027 година

Latest from Blog

Чуда се случуваат: Андора има клуб во главната фаза на КЛ, жртви се Ардијан Нухиу и Дрита!

фото: Federació Andorrana de Futbol @Fedandfut (X) Во Конференциската лига вечерва вистинско чудо направи Интер Ескалдес од Андора, кој на пенали успеа да го елиминира косовскиот преставник Дрита. По оние 2:2 на

Официјално: Трамп го смени името на езерото Онтарио, за инаeт на Канаѓаните (ВИДЕО)

Трамп ја потпиша наредбата во услови на зголемени трговски тензии меѓу САД и Канада, објави Ројтерс. Тој претходно изјави дека размислува за промена на името на големото езеро пред денеска да ја

Барселона го официјализираше хрватскиот голман

Фото: ФК Барселона Х Хрватскиот голман Доминик Ливаковиќ сега е играч на Барселона, официјално објави клубот. Ветеранот успешно ги помина медицинските прегледи во последните часови, а денес клубот го потврди неговото потпишување.

Починале Британци кои планинареле на +50 степени во пустината во близина на Дубаи

 Спасувачките екипи ги пронашле телата на Аран Мартинсон (33) и Касиус Њутн (34) во планинската област Вади Накаб на 18 јули, пишува Би-Би-Си. Починале од изложеност на екстремни температури Отворајќи ја истрагата
Go toTop