ВМРО-ДПМНЕ: Владата засилено работи Македонија да има модерна и функционална инфраструктура

April 11, 2025
1 min read

Патниот транспорт е многу важна алка во синџирот на економијата на целата држава, велат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

„Се инвестира во развој на Mакедонија и интеграција во регионот. Има засилена динамика на градежни активности на терен.

Се градат нови автопати, експресни патишта, модерни коридори. Владата засилено работи на изградба и модернизација на двата паневропски коридори 8 и 10 како и на кракот 10 д.

Се изгради и се пушти во употреба експресниот пат Куманово (Страцин)-Крива Паланка во должина од 25,5 километри и инвестиција од  107 милиони евра што е од големо значење за развој на економијата во источниот дел на Македонија.

Се пушти во употреба експресниот пат Градско – Дреново дел од експресниот пат Градско Дреново Фариш со што од Скопје до Прилеп ќе се патува за час и десетина минути.

Во Кавадарци се вложија 1,1 милион евра во пет села за патишта,  се реконструира патниот правец Дабниште-Ресава. Се инвестира во сите општини во Македонија, во Студеничани се прави реконструкција на локалниот пат од Драчево до мотел Китка.

Преку 500 илјади евра инвестиции во Желино за подобрување и реконструкција на локалните улици.

Се промовираше асфалтирање во зимски услови на трасата на автопатот Кичево-Охрид, активност која за прв пат се применува после 50 години. Се реконструира патниот правец од Охрид до Свети Наум.

Се гради во Велес, Штип, Битола, Радовиш и низ цела Македонија. Градежништвото ќе биде мотор на економскиот раст. Владата засилено работи за Македонија да биде најдобра по раст во целиот регион и да има модерна и функционална инфраструктура, со цел подобрување на квалитетот на животот на граѓаните“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вечерва средба со Кица Колбе и промоција на нејзиниот роман „Простување“

Следно

Меѓународен фестивал Вавилон во Ирак

Latest from Blog

Најмалку 30 загинати во пожар во близина на Каиро, експлодирале плински боци во камион

Најмалку 30 лица загинаа, а повеќе од 15 се повредени во пожар што избувна по експлозија на плински боци во камион во гувернеријата Гиза, во близина на египетската престолнина Каиро – соопшти
Go toTop