Плаколм: На напредните кандидати за членство, како Северна Македонија, треба да им се овозможи пристап до програмите на ЕУ

April 11, 2025
1 min read

Над 20 години зборуваме за интеграција на Западниот Балкан во ЕУ, но не е постигнат значителен напредок на тој план, бидејќи најчесто соседните земји „ставаат кочница”, изјави министерката за Европа, интеграција и семејство на Австрија, Клаудија Плаколм во интервју за австриската агенција АПА.

Таа смета дека ЕУ треба да им дозволи на „напредните кандидати за членство“, како Црна Гора, Северна Македонија и Албанија, да учествуваат во програмите на Унијата.

  • Тоа може да се случи, на пример, преку подобра економска соработка со видливи придобивки за населението и за компаниите на Западниот Балкан, што, се разбира, е поврзано со исполнување на обврските. Може да се прави чекор по чекор и земјите кои веќе добро напредуваат да се вклучат во европските програми, вели Плаколм.

Австриската министерка истакна дека се надева и посакува ЕУ да ги прими првите нови членки „во следните неколку години, а во секој случај до 2030 година“.

За забрзување на интегративниот процес, според Плаколм, би требало да се разгледа и ограничување на правото на вето при носењето на некои одлуки во рамките на ЕУ поврзани со проширувањето.

  • Би било поразумно некои чекори да се направат побрзо и на крајот од целиот процес повторно да се вратиме на одлучување со консензус. Но, сметам дека е важно да постигнеме единство и да разговараме за клучните прашања, истакна австриската министерка.

Според неа, ако продолжи со ваквиот однос, ЕУ ризикува да го изгуби кредибилитетот на Западниот Балкан и постои опасност регионот „да стане играчка на други геополитички сили”.

  • Се чувствува, особено кога размислуваме за демонстрациите во Србија, дека населението е подготвено за реформи, за европска интеграција, повеќе од кога било досега и дека сега конечно се потребни опипливи подобрувања. Се гледа дека тоа е поддржано и од младите, од студентите, кои излегуваат на улица и бараат некои работи од политиката, истакна Плаколм.

Таа смета дека давањето статус на кандидат за членство во ЕУ на Украина било геополитичка одлука. – Јасно е дека ние, како Австрија, како Европска Унија, се обврзуваме да ја поддржиме Украина. Зашто тоа е една земја на европска почва нападната на 24 февруари 2022 година и зајакнатото приближување кон нашите европски принципи, кон нашите вредности, може да биде само корисно, рече Плаколм.

Сепак, според неа, дури и ако војната заврши наскоро, Украина нема да биде поподготвена од другите кандидати за да стане членка на Европската Унија.

  • Тука Западниот Балкан е значително понапред од Украина, нагласи Плаколм, потенцирајќи дека „за некои земји“ пристапниот процес трае повеќе од 20 години.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Вишиот суд во Нови Сад ќе ја објави одлуката за обвинението за падот на настрешницата

Следно

Вечерва средба со Кица Колбе и промоција на нејзиниот роман „Простување“

Latest from Blog

Ново законско решение за поефикасна контрола на индустриското загадување

Собранието денеска го усвои Законот за контрола на индустриски емисии, со кој индустриските капацитети во земјава ќе мора да работат според најдобрите достапни техники (НДТ), како дел од усогласувањето со европските еколошки

Селекторите на Венецуела и Перу добија откази

Венецуела го отпушти селекторот Фернандо Батиста откако не успеа повторно да се квалификува за Светското првенство. Венецуела, единствената јужноамериканска репрезентација што никогаш не играла на Светско првенство, стигна до последното коло од

Објавени фотографии од 22-годишниот убиец на Чарли Кирк

Осомничениот убиец на Чарли Кирк, идентификуван како 22-годишниот Тајлер Робинсон, е уапсен, потврди директорот на ФБИ, Кеш Пател, на заедничка прес-конференција со гувернерот на Јута, Спенсер Кокс. Тајлер Робинсон, 22-годишник од Јута,
Go toTop