Судски Совет: Ферати не можел да изрече повисока казна за возачот кој ја прегази Теодора Ристовска

April 10, 2025
2 mins read

Од Судскиот Совет го објавија наодот на работната група во врска со предметот против Менсур Пајазити, кој беше осуден на две години затвор за прегазувањето на 22-годишната Теодора Ристовска. Работната група потврди дека судијата Ељведин Ферати не можел да досуди повисока казна поради членот 428 од Законот за кривична постапка, кој забранува менување на пресудата на полошо ако жалбата е изјавена само во корист на обвинетиот.

-Согласно член 428 од ЗКП, ако е изјавена жалба само во корист на обвинетиот пресудата не смее да се измени на негова штета во однос на правната оцена на делото и на кривичната санкција, стои во соопштението од Судски Совет.

Како поткрепа на заклучокот од увидот во предметот, Советот наведува хронолошки преглед на постапувањето на судовите според кој, најпрво Основното Јавно обвинителство Тетово поднесе обвинителен предлог за тешки дела против безбедноста во сообраќајот, за кое е предвидена казна затвор од една до пет години. Основниот суд Тетово донесе пресуда со казна затвор од три години и шест месеци. Обвинетиот поднесе жалба, а Апелациониот суд Гостивар ја уважи делумно, намалувајќи ја казната на две години. Врховниот суд ја укина пресудата и предметот се врати на повторно судење. По признавање на вина, Основниот суд Тетово повторно го осуди обвинетиот на две години затвор.

Подружницата на Здружение на судии на РСМ при Основен суд Тетово денеска, исто така, излезе со соопштение во кое детално ја објаснува досегашната судска постапка поврзана со загинувањето на младата Теодора Ристовска, почнувајќи од првото судење, одлуката на Апелација и Врховниот суд па сè до последното судење во кое е изречена казна затвор во траење од две години за обвинетиот Енвер Пајазити. Според нив, судија Ељведин Ферати, кој ја донесе пресудата во повтореното судење, а и судијката Верка Костовска која го судеше првото судење, а која во меѓувреме замина во пензија, постапиле исклучиво согласно пропишаните законски норми. 

Формираната група доаѓа откако пресудата предизвика силни реакции за целиот процес и премногу „благата“ казна.  Премиерот Христијан Мицкоски го повика Судскиот совет да ја преразгледа работата на судијата. Реакција од Судскиот совет побара и министерот за правда Игор Филков, кој ја коментираше пресудата, истакнувајќи дека довербата на граѓаните во судството е многу ниска.

Семејството на Теодора реагираше на висината на казната и долгото траење на целата постапка. Тие денеска преку отворено писмо упатија благодарност за поддршката од јавноста, медиумите и премиерот и изразија надеж дека ќе има реакција од Судскиот Совет, по изречената казна од две години затвор за возачот во сообраќајката во која нивната ќерка и сестра го загуби животот во 2022 година.

– Искрено се надеваме дека Судскиот Совет ќе изреагира адекватно во врска со скандалозната и срамна одлука на судијата од Тетово, Ељведин Ферати и имаме сомнеж како семејство дека позади оваа пресуда стојат политика, мито и корупција. Ние силно и натаму ќе се бориме за правда за Теодора, велат во писмото од семејството Ристовски.

Судијата Ељведин Ферати, дополнително беше критикуван во јавноста и поради сомнежи за неговиот интегритет дека си ги поправал оценките на Тетовскиот универзитет со пречкртување. Државниот просветен инспекторат минатата година утврдил неправилности во неговите оценки, што доведе до предистрага од Скопското јавно обвинителство од каде што последните информации се дека утврдиле дека тој ги преполагал предметите. 

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Не пропуштајте ја средбата со Кица Колбе и промоцијата на нејзиниот роман „Простување“

Следно

Израелската армија тврди дека убила командант на Хамас во градот Газа

Latest from Blog

НАД МИЛИОН ЛУЃЕ НА ПОГРЕБОТ НА САИФ АЛ ИСЛАМ ГАДАФИ, силен одговор против насилството и “арапската пролет“ (ФОТО)

Повеќе од 1.000.000 луѓе присуствуваа на погребот на Саиф ал-Ислам Гадафи, син на убиениот либиски лидер Моамер Гадафи, мавтајќи со зелени знамиња, симбол на владеењето на неговиот татко, објави „Ле Фигаро“. Саиф

Петрушевски: Додека Апасиев го плаќаа од СЈО, ги величеше. Кога чешмата секна, почна да ги плука.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, преку објава на социјалните мрежи остро реагираше на мемето што го објави лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев, обвинувајќи го за популизам, лицемерие и злоупотреба на

Коњановски со битолските ловци на традиционална ловечка забава

На покана на Здружението за ловци „СОКОЛ“ – Битола, под мотото „ЗАЕДНО ЗА ТРАДИЦИЈА“, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на ловечката забава организирана од здружението. Настанот помина во духот на

Трамп и конфликтот со Европа: ЗАД СЕ СТОИ ТАЈНИОТ АРХИТЕКТ НА НОВАТА АМЕРИКАНСКА ПОЛИТИКА

Веројатно никогаш не сте слушнале за Енди Бејкер. Но, тој е водечкиот интелектуалец во Советот за национална безбедност (НСЦ) чии потези би можеле да ја одредат иднината на надворешната политика на Републиканската
Go toTop