Тошковски и Коцевски потпишаа нов Протокол за засилување на соработката помеѓу МВР и Јавното обвинителство

April 10, 2025
1 min read

Денеска (10.04.2025), министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и Јавниот обвинител на Македонија Љупчо Коцевски потпишаа нов Протокол за соработка помеѓу МВР и Јавното обвинителство, со што уште еднаш ја потврдија посветеноста за засилување на интер-институционалната координација за успешно откривање и докажување на кривичните дела и нивните сторители и ефикасно спроведување на кривичната постапка.

Министерот Тошковски нагласи дека засилената заложба за подобрување и јасно дефинирање на системот за борба против криминалот значи и постојано унапредување на правилата на игра, по кои институциите ќе можат да соработуваат, и што е поважно, ефикасно да ја водат таа борба.

„Прецизните правила значат поголема ефикасност за институциите, за правдата и за законите, ќе ја зацврстат нашата меѓусебна координација и ќе креираат една силна институционална алатка повеќе за борба со сите форми на криминал и корупција со кои се среќаваме секојдневно. Со потпишување на овој Протокол ги поставуваме темелите на доверба и соработка, каде што заедничката цел е јасна – успешно откривање и докажување на кривичните дела и нивните сторители и ефикасно спроведување на кривичната постапка.“, нагласи министерот Тошковски.

Министерот Тошковски образложи дека документот утврдува јасни насоки и правила за постапување на полициските службеници и јавните обвинители, во активностите што се преземаат за откривање и гонење на сторители на кривични дела, а во исто време треба да го подобри функционирањето и ефикасноста на кривичниот прогон како дел од кривично-правниот систем.

„Ова не е само правен документ, туку и знак на волја за заедничка акција, заснована на доверба, транспарентност и отчетност.“, нагласи министерот Тошковски на чинот на потпишувањето.
Јавниот обвинител Љупчо Коцевски ја потенцираше оперативната вредност на Протоколот.

„Протоколот не е некаква политичка декларација, туку оперативен план заснован врз нашите закони за кривична постапка. Ги поедноставува процедурите за соработка, обезбедува јасност во сложените случаи и ја засилува координацијата во посебните мерки за истрага. Нашите институции се соочуваат со високо софистицирани форми на криминал и овој Протокол ќе ни помогне да се адаптираме и да се соочиме со тие предизвици, “, потенцираше обвинителот Коцевски.

Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килијан Вал, кои учествуваа во креирањето на овој Протокол нагласи дека МВР и Јавното обвинителство влегуваат во нова фаза на соработка во која ќе се реализираат придобивките од овој протокол.  
„Овој чекор ќе го засили делот на спроведување на кривичната постапка, ќе има видлив оперативен ефект и ќе поплочи патот кон заеднички обуки и практики. Стандардно оперативните процедури и практични алатки ќе овозможат многу поефикасна борба со сложените криминални случаи, корупцијата, организираниот криминал, финансиските криминали и сајбер криминалот.’, потенцираше амбасадорот Вал.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Автомобил гори на „50-та девизија“ на приклучокот на Водњанска

Следно

Пензионерите во Аргентина организираа протест барајќи подобри услови за живот

Latest from Blog

Компани: Сакаме да продолжиме со она што го правевме во последните години

Главниот тренер на Баерн Минхен, Винсент Компани, изрази задоволство од победата на својот тим над Штутгарт, но брзо го намали притисокот и ги потсети своите играчи дека сезоната штотуку започнува. Белгискиот специјалист

Кина забрани објавување на оваа снимка од катастрофата, а веќе го обиколи светот (ВИДЕО)

Поројот однесе сè пред себе додека стотици луѓе бегаа за да си го спасат животот. Сцените снимени од камерите за надзор брзо се проширија на социјалните мрежи и телевизиските екрани, но не

Зошто шефот на ЦИА итно отиде во Москва? ИНФОРМАЦИИ ЗА ОПАСНИОТ ПЛАН НА ПУТИН

Станува сè појасно зошто директорот на ЦИА, Џон Ратклиф, во вторникот брзо отпатува во Москва. Хамиш де Бретон-Гордон, поранешен командант на британските сили за хемиско, биолошко, радиолошко и нуклеарно оружје, во анализа

ВЛЕН: Неприфатлива е глорификацијата на Ратко Младиќ и воените злосторници

Политичката партија ВЛЕН остро ја осуди, како што наведува, секоја форма на глорификација на четниците, а особено на Ратко Младиќ, кој е осуден за геноцид и други тешки воени злосторства. Од партијата
Go toTop