Хил во пресрет на средбата меѓу Вучиќ и Курти во Брисел вели дека не очекува брзи резултати

February 27, 2023
1 min read

Американскиот амбасадор потврди дека денеска во Брисел е и специјалниот претставник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, и дека ќе учествува во дијалогот

Американскиот амбасадор во Србија, Кристофер Хил, во пресрет на средбата меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти во Брисел за српските медиуми во Крагуевац изјави дека нема илузии дека може да дојде до брзи резултати, пренесува регионалниот сервис на Радио Слободна Европа (РСЕ).

Амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Белград, Кристофер Хил/Фото: EPA/MATTHEW CAVANAUGH

Хил воедно рече дека средбата меѓу двајцата лидери во Брисел покажува дека Европската Унија (ЕУ) се обидува да најде решение што ќе им одговара на сите во иднина.

„Процесот во Брисел секако не може да ги задоволи оние што веднаш очекуваат задоволителен исход“,

вели Хил.

Американскиот амбасадор потврди дека денеска во Брисел е и специјалниот претставник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, и дека ќе учествува во дијалогот.

„Сакам да нагласам дека САД и Европската Унија многу тесно соработуваат по ова прашање и ние сме многу посветени да работиме заедно на ова“,

вели Хил.

Во меѓувреме, од дипломатски извори се дознава дека Ескобар ќе има средби со претседателот на Србија, Вучиќ и со косовскиот премиер Курти во пресрет на состанокот во седиштето на ЕУ.

Американскиот амбасадор во Белград за српските новинари додал дека од гледна точка на САД е важно што поскоро да се постигне и реализира Заедницата на општини со српско мнозинство на Косово.

Средбата меѓу претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Косово Албин Курти е најважниот момент во процесот на нормализација на односите во последните десет години.

На средбата денеска се очекува лидерите да потврдат пред посредниците на Европската Унија дека го прифаќаат европскиот план.

Според агендата, предвидено е високиот претставник ЕУ, Жосеп Борел, и специјалниот претставник на ЕУ, Мирослав Лајчак, најпрво ќе остварат одвоени средби со Вучиќ и Курти по што ќе следува и заедничка средба.

Ова би бил втор договор на страните во дијалогот, по бриселскиот договор постигнат во април 2013 година.

Американскиот амбасадор во Србија потсети и дека Србија се согласила на необврзувачка резолуција со која се повикува Русија да ги прекине непријателствата во Украина и бара повлекување на руските сили.

„Значи, на Русија и беше даден многу јасен сигнал дека треба да ја прекине својата агресија“,

рече Хил.

Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) ја одобри резолуцијата на 23 февруари.

Сите земји од Западен Балкан членки на Генералното собрание на Обединетите нации, вклучително и Србија ја поддржаа резолуцијата.

Инаку, Србија и понатаму одбива да ги поддржи санкциите што Европската Унија ги воведе кон Москва.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ѓорѓиевски: Продолжуваме секој ден да ја унапредуваме Кисела Вода

Следно

Злоупотребен приватниот ФБ профил на претседателката на ДКСК

Latest from Blog

„ВРЕМЕ Е УКРАИНА ДА ДОБИЕ НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ!“ Трамп повика на смена на Зеленски: „Имаше многу шанси, не искористи ниту една од нив“ (ВИДЕО)

Доналд Трамп, претседателот на Соединетите Американски Држави, отворено повика на промена во украинското раководство, велејќи дека е време Украина да добие нов претседател наместо Володимир Зеленски. Тој ја даде изјавата пред новинарите

Во Шведска е одигран најлудиот меч во историјата, паднаа 11 гола во вториот дел, а победникот беше решен во 99-та минута (Видео)

Фудбалерите на АИК и Бромапојкарна одиграа натпревар за паметење во шведскиот фудбал, во кој беа постигнати дури 11 гола во второто полувреме. Гостите на крајот славеа со неверојатни 5-6, иако во финишот

Хет-трик на Нкунку во дебаклот на Ајнтрахт Франкфурт (Видео)

Лајпциг продолжи со убедливите настапи и по репрезентативната пауза, откако на домашен терен го прегази Ајнтрахт Франкфурт со неверојатни 6-0 во натпреварот од петтото коло во Бундеслигата. Во центарот на вниманието беше
Go toTop