Капитални проекти, за 2 месеци само 6% – потрошени само 47 од планираните 766 милиони евра

April 2, 2025
1 min read

Најавите на Владата за градежен бум за годинава- за сега стојат во место. За два месеци институциите реализирале само 6 проценти од капиталните проекти. Или во пари – од планирани над 766 милиони евра за изградба на патишта, училишта, болници, водоводи, студентски домови, спортски објекти, апарати за здравство до крај на февруари потрошени се само околу 47 милиони евра. Најнов податок на финансии по денови е до 1 април, до кога реализацијата е 69 милиони евра или 9 проценти. Или во просек  месечно  се „гради“ по 3 проценти од планираното.

И покрај слабата реализација, премиерот најавува нов кредит строго наменски само за изградба на патишта. Покрај милијардата од Унгарија ќе се задолжиме со нови 500 милиони евра од европска земја.

„Зборуваме за половина милијарда евра кои ќе бидат потрошени исклучиво за реконструкција но и изградба на локални и регионални патишта. Проценивме со Јавното претпријатие за државни патишта дека отприлика половина милијарда евра би била таа инвестиција. Цела држава на цела територија да бидат или реконструирани или изградени нови локални и регионални патни правци“, вели Христијан Мицкоски.

Бизнисот пак апелира Владата да опстои на ветувањата.Надеж гледаат во изборите.

„Очекуваме сериозна и интензивна реализација на капиталните инвестиции. Знаеме дека секој пат во предизборието Владата, меѓутоа и локалната самоуправа прави напори да реализира што поголем број на проекти. Меѓутоа важно е дека овие проекти можат навистина да придонесат за сериозен економски раст“, вели Миле Бошков.

Инаку податоците  на финансии до крај на февруари по институции, покажуваат дека речиси сите потфрлиле со реализацијата на планираните проекти за годинава. Па така кај најголем дел од министерствата реализацијата е околу нула. Од оние кои имаат најмногу проекти, министерството за транспорт реализирало само 1,64% или од 270 милиони евра планирани за градба за годинава реализирани се само  4,4милиони евра. Кај министерството за внатрешни работи реализацијата е 1,96% или потрошило 760.000 евра од планираните над 37,4 милиони евра.

Од друга страна пак, подобра реализација има кај Министерството за одбрана со речиси 20 проценти или од околу 140 милиони реализирало речиси 28 милиони евра. Министерството за образование  со 9,47 или реализирало 3,5 од планираните 35,6 милиони евра.

Капиталните инвестиции се главен адут на Владата за придвижување на економијата, и остварување на  раст на БДП за годинава од 3,7%.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ДУИ: Потребен е суштински политички дијалог, но во пристоен политички формат

Следно

ОН: „Војната на Израел против Газа им пркоси на пристојноста, човечноста и законот“

Latest from Blog

Сите загинати при излизгувањето на товарен авион од пистата во Мајами, биле во паркираните автомобили (ВИДЕО)

Истражителите потврдија дека сите жртви биле во две возила на земја. Боингот 767-300, управуван од „21 Ер“, се лизна од пистата во неделата. Удри во комбе за чистење во кое се наоѓаа

ВЛЕН: Компаниите се шират, се отвораат нови можности за вработување

Северна Македонија се движи кон создавање поповолна инвестициска клима, со поголеми можности за меѓународна соработка, развој на бизнисите и отворање нови работни места, оценува политичката партија ВЛЕН. Од партијата посочуваат дека економскиот

Божиновска за „Energy Game“: Македонија ќе добие пристап до американски ЛНГ и гас од Азербејџан

Вертикалниот коридор првично започна со Грција, Бугарија и Романија, а сега се оформува и оската Грција – Северна Македонија – Србија, што создава повеќе можности за пристап, меѓу другото, и до американскиот

Николоски: На денот на независноста, по 56 години охридскиот аеродром доби нов лик

Охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ доби нов и модерен лик, со што станува еден од симболите на охридскиот регион, порача вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, по повод Денот

ВЛЕН: 35 години независност – време е за посилни институции и европска иднина

Денес ја одбележуваме 35-годишнината од независноста на Република Северна Македонија, историски датум кој ја претставува волјата на граѓаните да живеат во слободна, демократска и суверена држава. Овој ден им припаѓа на сите
Go toTop