Синдикатите денеска излегуваат на улиците: Платите мора да се зголемат

April 2, 2025
1 min read

Сојузот на синдикатите на Македонија, по Одлука на Претседателството на ССМ од 28.03.2025 година, со цел да го изрази јавното мислење заради остварување на социјални и економски интереси за заштита на работничките права и правото на слобода на здружување и синдикалното организирање, денеска излегува на улиците со јавна седница на органите и телата на ССМ и органите и телата на синдикатите здружени во ССМ.

Протестните активности на ССМ ќе започнат од пред Работнички дом (зграда на ССМ) со седиште на улица 12 Македонска ударна бригада бр.2-а, Скопје ( нова Мирче Ацев бр.6) во 12.05 часот.

Членовите оргните и телата на синдикатите и работниците кои ќе учествуваат на јавната седница која ќе започне пред Работнички дом ќе продолжат до Собранието, Стопанска комора и Владата каде што ќе продолжи одржувањето на седницата од која ќе се упатат пораки:

1. НЕ МОЖЕ ДА ИМА ЗА ПРАТЕНИЦИТЕ, А ДА НЕМА ЗА РАБОТНИЦИТЕ !

Пратениците во Собранието избрани од работниците да го предложат и гласаат предлогот на ССМ за дополнително зголемување на минималната плата за 6.000 денари, како и зголемување на сите останати плати во приватниот сектор со зголемувањето на минималната плата.

Да не гласаат Закони со кои се намалуваат работничките права на штета на работниците, онака сложно како што не гласаат Закони за намалување на нивните привилегии.

2. ПОДАДЕНАТА РАКА НА РАБОТНИКОТ ДЕНЕС, МОЖЕ ЛЕСНО ДА СТАНЕ СТИСНАТА ТУПАНИЦА УТРЕ !

Газдите од Стопанската комора да ја прифатат подадената рака на работниците за зголемување на платите со цел задржување на квалификуваните работници во Македонија поради тоа што најмалку 15.000 работници и граѓани ја напуштаат Македонија секоја година, па доколку не се зголемат платите, тие ќе бидат главниот виновник за егзодус на работниците од Македонија.

3. НЕ МОЖЕ ДА СЕ ОДЛУЧУВА ЗА НАС, БЕЗ НАС !

Владата да застане на страна на работниците, да престане да одлучува еднострано на штета на работниците, да го почитува социјалниот дијалог и да ги запре нападите кон синдикатите и обидите да се замолчат работниците.

Владата како најголем работодавач, да ги зголеми платите на вработените во јавниот сектор согласно Општиот колективен договор за јавен сектор, гранските колективни договори, колективните договори на ниво на работодавач, како и да ги усогласи со минималната плата согласно посебните закони.

ССМ се реши на овој чекор откако Владата одлучи еднострано да го утврди износот на минимална плата на штета на работниците во Македонија, не прифаќајќи ги нивните предлози за зголемување на минималецот за 6000 денари.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Џорџ Расел добива нов договор од Мерцедес

Следно

Почина Вал Килмер

Latest from Blog

Проданоски: „Старо Бонче“ заслужува да биде меѓу најзначајните археолошки локалитети во Македонија

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, го посети археолошкиот комплекс „Старо Бонче“, каде во изминатите десетина дена интензивно се реализираат систематски археолошки истражувања. Проданоски се запознал со текот на истражувањата и досегашните

Израелски министер: Единствено решение е иселувањето на Палестинците од Газа

Додека Бен-Гвир тврди дека станува збор за промовирање на доброволно егзодус, претходно објавениот план предвидуваше присилно раселување на милиони Палестинци, пренесува Анадолу. Детали за објавата Во објава на социјалната мрежа X, Бен-Гвир

УЕФА не заборава: Атлетико (М) без Ортиз против Ливерпул поради казна од пред две години!?

Атлетико Мадрид доби неочекуван проблем пред гостувањето кај Ливерпул во Лигата на шампионите. Младиот Арнау Ортиз нема да биде во составот за натпреварот на „Енфилд“, поради суспензија од УЕФА. Ортиз ќе мора
Go toTop