Пи-арот поважен од граѓаните: Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ излегоа од „невидлив режим“

April 1, 2025
1 min read

Две недели пратениците на ВМРО-ДПМНЕ беа целосно отсутни од јавниот живот – без активности, без присуство на терен, без иницијативи за решавање на проблемите на граѓаните. Но, денеска, по мистериозно долг одмор, повторно се појавија, овој пат како дел од пиар-акција за донирање амбулантно возило во Кочани.

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски, и пратеникот Миле Лефков, заедно со претставници на општествено одговорни компании, учествуваа на предавањето на донацијата за Општата болница – Кочани. Додека иницијативата на општествено одговорните компании ,,Аутомотив груп,, , ,,Соникс” и ,,Шпаркасе Банка” – амбулантно возило за општата болница во Кочани е за поздравување, јавноста не може, а да не се запраша: Каде беа овие пратеници во изминатите две недели?

Наместо да бидат гласот на народот во Собранието, да предлагаат решенија за здравствениот и економскиот хаос во земјата, или да се сретнат со граѓаните и реално да согледаат со какви предизвици се соочуваат, пратениците очигледно избраа да бидат во „невидлив режим“. Но, кога се укажала можност за медиумска експозиција и фотографии со ново амбулантно возило, веднаш се активираа.

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Се зголемува бројот на загинати во Мјанмар

Следно

Адеми: Апсењето на Бектеши е политички прогон – „да престане политичкото влијание во истрагата за Кочани“

Latest from Blog

Хит видео од фронтот: Митралез го врти и отфрла рускиот војник (ВИДЕО)

Видеото, за кое се верува дека е автентично според достапните информации, прикажува руски војник како отвора оган од митралез поставен на импровизирана ротирачка поставка. Сепак, поради силен отскок, оружјето одеднаш се свртува

Поради сериозен дефект неколку скопски населби се без вода

Жителите на неколку скопски населби и приградски општини вечерва се соочуваат со сериозен прекин во водоснабдувањето. Како што соопштија од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, дефектот се случил на главната водоводна

Уште една селекторска смена, Сенегал ќе има нов кормилар

Откако не ги исполни резултатските очекувања на овој Мундијал, репрезентацијата на Сенегал природно преживува промени. Раководните структури на Федерацијата одлучија да го сменат досегашниот селектор, Папе Тиао. Сенегал шокирачки во 1/16 финалето

Пресврт по четири децении: АПСЕЊЕ ЗА ЛАДНОКРВНО УБИСТВО НА ФЛОРИДА БЛАГОДАРЕНИЕ НА ЕДЕН ПОВИК

Речиси 40 години откако млада мајка беше претепана до смрт во својот дом, полицијата на Флорида соопшти дека еден телефонски повик ги довел до нов осомничен. Мелиса Елисон (20) беше пронајдена мртва
Go toTop