Кина одржува големи воени вежби околу Тајван

April 1, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Кина денес започна заеднички вежби во кои учествуваат армијата, морнарицата, воздухопловните и ракетните сили околу Тајван, јавуваат државните медиуми, пренесува Анадолу.

Високиот полковник Ши Ји, портпарол на Командата на Источното крило на кинеската Народноослободителна армија, ги нарече вежбите „строго предупредување и силно одвраќање против сепаратистичките сили за независност на Тајван“, се вели во владиното соопштение.

„Бродовите на морнарицата на кинеската Народноослободителна армија, предводени од носачот на авиони ‘Шандонг’ се детектирани од 29 март и влегоа во нашата зона за одговор вчера“, соопшти тајванското Министерство за одбрана на X во врска со кинеската воена вежба.

Тајпеј јави дека до 6 часот по локално време биле забележани 19 поморски бродови.

„Силно ги осудуваме ирационалните провокации на Кина. Цврсто се спротивставуваме на дејствата на кинеската Народноослободителна армија што го поткопуваат регионалниот мир. Како чувари на првите редови на слободата и демократијата, остануваме цврсти во одбраната на нашиот територијален суверенитет“, нагласи Министерството.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пензиите повисоки за 2500 денари – над 340.000 пензионери со зголемени примања

Следно

Дончиќ си поигра со „бејби Јокиќ“ како со мало дете (ВИДЕО)

Latest from Blog

Николоски: Старата чаршија во Гевгелија повторно блеска

Старата чаршија во Гевгелија добива нов лик, а вечерната атмосфера дополнително го истакнува нејзиниот обновен изглед. Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, порача дека реализацијата на проектот е резултат

Хаос по смртта на најмладиот крал на светот: Како тоа не знаевме дека има син?

Претседателот Јовери Мусевени беше меѓу собраните на аеродромот Ентебе за да им оддадат почит. Кралот Ојо Њимба Кабамба Игуру Рукиди IV почина минатата недела во Соединетите Држави на 34-годишна возраст откако беше
Go toTop