Јован: Страшни беа глетките, викотници, пискотници, ја скршивме вратата и почнавме да ги вадиме

March 30, 2025
1 min read

Јован Костадинов, 19-годишното момче од Виница, кое стана симбол на храброст и несебичност, за првпат ја раскажува својата приказна за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Во интервју за иницијативата „Поддршка за Кочани“ (Супорт Кочани), младиот херој го открива своето сведоштво за спасувачката акција која спаси повеќе од дваесетина животи.

„Викотници и пискотници на кои никој не сака да се потсетува“ – така го опишува тој моментот кога, соочен со хаосот и паниката, ги вадел луѓето на сигурно. Во еден миг, поради истоштеност и вдишување на густ чад, Јован паднал на колена. Иако физички исцрпен и со намален здив, не престанувал да помага.

„Во еден момент почувствував дека ми се слошува и не можев повеќе да стојам. Со уште двајца повредени успеавме да се добереме до возило кое нè однесе во болницата во Кочани. Таму веќе беше хаотично – лекари, повредени, семејства… никој не знаеше што се случува и колку е сериозна состојбата“, сведочи Јован.

Со својата храброст и присебност во најкритичниот момент, Јован Костадинов не само што спаси човечки животи, туку покажа дека хероите постојат и меѓу нас. Неговата приказна е потсетник дека солидарноста и човечноста секогаш победуваат, дури и кога ситуацијата изгледа безнадежна.

На овој линк има и други сведоштва за трагичната ноќ во Кочани.

Преземено од 24Инфо.мк

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Израел потврди дека добил нов предлог за примирје и ослободување на заложниците

Следно

Филипче за Рамазан Бајрам: Заедништвото и солидарноста се нашата сила за справување со предизвиците

Latest from Blog

Гана го врати Карлос Кеирош на селекторското место

фото: KickOff Online @KickffMagazine (X) Карлос Кеирош повторно е селектор на фудбалската репрезентација на Гана, откако беше повторно назначен на функцијата помалку од два месеци по оставката. Португалскиот стратег во јули се

Медитеранот врие: Забележана е највисока температура во последните 33 години

Според извештајот, 79 проценти од Медитеранот доживеале силен или посилен морски топлотен бран најмалку еден ден, објавува AdnKronos. Во соопштението се објаснува дека рекордниот температурен рекорд оваа година треба да се толкува

Димарко е Играч на сезоната во Серија А!

фото: intermediolan.com @intermediolan_ (X) Федерико Димарко е прогласен за играч на годината во Серија А за сезоната 2025/26. 28-годишниот дефанзивец ја доби наградата од страна на Италијанската фудбалска асоцијација. Церемонијата на доделување

ОН: Светот влезе во опасна зона на екстремни временски услови

Светската метеоролошка организација ги објави најновите податоци за природниот временски феномен, кои покажуваат дека тој би можел да биде најсилниот во последните 70 години и да трае барем до февруари 2027-ма година..

18,3 милиони денари промет на Македонската берза – НЛБ Банка на врвот

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 03.09.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.185,75 поени. Во однос
Go toTop