Потпишан Меморандум меѓу турската МКЕ и АТС Груп од Северна Македонија за соработка во одбранбената индустрија

March 27, 2025
1 min read

Единствената македонска компанија од одбранбената индустрија, АТС Груп, потпиша меморандум за соработка со МКЕ – најголемата државна компанија од одбранбената индустрија на Туркије, пренесува Анадолу.

На потпишувањето на меморандумот присуствуваа високи претставници на владите на двете земји.

Меморандумот за соработка го потпишаа генералниот директор на МКЕ, Илхами Келеш, и сопственикот и извршен директор на АТС Груп, Шефшет Демировски, кои посочија дека со оваа соработка ќе се поттикнат активностите на двете компании и ќе се зголеми нивното присуство на меѓународниот пазар, особено во Туркије и Северна Македонија.

Соработката вклучува трансфер на технологија, техничко знаење и експертиза за производството и подобрување на производствените капацитети, модернизација на производните линии, подобрување на извозните можности, заеднички истражувања за зголемување на извозниот потенцијал на меѓународните пазари, обука и техничка помош, развој на програми за обука и подобрување на техничката експертиза.

Меморандумот опфаќа и заедничко вложување и отворање нова фабрика за производство на барут во Северна Македонија со заеднички инвестиции.

На потпишувањето присуствуваа министерот за одбрана на Северна Македонија, Владо Мисајловски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, и заменик-министерот за национална одбрана на Туркије, Муса Хејбет.

Тие го поздравија и искажаа задоволство од потпишувањето на меморандумот за кој е нагласено дека е стратешки чекор кој дополнително ќе ги зајакне односите на двете сојузнички и пријателски земји.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ганиу и Герасимовски ќе се тркаат за нов мандат, Ѓорѓиевски ќе се бори за Скопје

Следно

Алиспахиќ во 24 анализа: Треба да има еднкавост во преземените мерки на сите осомничени за трагедијата во Кочани

Latest from Blog

Николоски: Со Турција имаме голем потенцијал за нови инвестиции и посилна економска соработка

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Република Турција, Алпер Акташ, на која беа разгледани билатералните односи меѓу двете земји, како и можностите

4iG IT склучи договор со владата на Црна Гора вреден 54 милиони евра за модернизација на безбедносните служби и граничната полиција

Компанијата 4iG IT Ltd. дел од 4iG Групацијата и Министерството за јавни работи на Црна Гора потпишаа договор за дигитализација и технолошка модернизација на институциите задолжени за спроведување на законот и граничната

Зеленски: Украина сака што поскоро да ја заврши војната со Русија и е подготвена за преговори

Финскиот претседател Александар Стуб изјави дека на средбата со американскиот претставник Стив Виткоф е постигнат вистински напредок и дека предлозите за мир ќе бидат доставени до руската страна, пишува Би-Би-Си. Зеленски потврди

Фентанил не веќе единствен проблем- на улиците на САД се појави нова опасна дрога

Нов бран на синтетички дроги ја продлабочува кризата со зависност во Соединетите Американски Држави, каде што на пазарот се појавуваат сè поопасни мешавини од психоактивни супстанции кои го зголемуваат ризикот од фатални
Go toTop