Формиран нов женски ракометен клуб – ЖРК Атлетик

March 27, 2025
1 min read

Формиран женски ракометен клуб под името ЖРК Атлетик, кој има за цел да игра водечка улога во развојот на младите талентирани ракометарки во Македонија.

Преку соодветни и правилни тренинзи, модерни методи и однапред дефинирана програма на функционирање, клубот се стреми да биде расадник на голем број идни репрезентативки на нашата држава.

Со вклучување на млади и амбициозни поранешни репрезентативци, а сегашни ракометни работници, ќе создадеме здрава средина на вистински спортски вредности, без фаворизација, со еднаква можност за докажување на теренот и надвор од него.

„Со големо задоволство ви го најавуваме проектот кој го смисливме со многу голема љубов и желба, проект за кој веруваме дека ќе биде нешто посебно во женскиот ракомет, клуб на кој сите ќе бидеме горди.

Стекнатото искуството во Европскиот женски ракомет преку најелитното натпреварување во Европа, ЕХФ лигата на шампиони во годините наназад заедно со нашиот стручен тим на клубот ќе ни овозможи полесно да ги оствариме зацртаните цели со исклучиво наши Македонски играчи. Целта е јасна, преку сите овозможени услови за работа да се создадат врвни ракометарки со кои достоинствено ќе ја претставуваме Македонија на Европска сцена”, вели извршната директорка Ана Стојков.

„Пресреќна сум што сум дел од овој прекрасен нов проект ЖРК Атлетик, клуб со позитивна и перспективна иднина и прекрасни луѓе. Мислам дека имаме одличен тренерски колектив со свежи идеи и мисли, подготвен да даде 200% од себе. Нè очекува многу работа, со нетрпение го очекувам почетокот на сезоната”, додава главниот тренер Татјана Хмирова.

Клубот има професионална структура која ќе го овозможи сето тоа се состои од следниве лица, кои забележале доста значајни успеси како на тимско поле, така и на репрезентативно.

ПРЕТСЕДАТЕЛ Горан Стојков,  

ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ Дејан Блажески,

ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР Ана Стојков,

СПОРТСКИ ДИРЕКТОР Инна Суслина,

ОПЕРАТИВЕН МЕНАЏЕР Михаела Митреска,

ГЛАВЕН ТРЕНЕР Татјана Хмирова,

АСИСТЕНТ ТРЕНЕР Ивана Велковска,

ТРЕНЕР НА ГОЛМАНИ Тања Андрејева,

КОНДИЦИОНЕН ТРЕНЕР Дејан Пецаковски,

ФИТНЕС ТРЕНЕР Марија Дурљанова,  

ФИЗИОТЕРАПЕВТ Нина Димковска,

СПОРТСКИ ПСИХОЛОГ Кирил Насков

Според нивната веб-страница може да се забележи дека тренинзите би се одржувале во салта „јане Сандански“ во Аеродром, Скопје.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Албанија преговара со пет странски компании за производство на артилерија и борбени дронови

Следно

Светскиот рекордер сведочеше против својот татко

Latest from Blog

ВЛЕН: Неприфатлива е глорификацијата на Ратко Младиќ и воените злосторници

Политичката партија ВЛЕН остро ја осуди, како што наведува, секоја форма на глорификација на четниците, а особено на Ратко Младиќ, кој е осуден за геноцид и други тешки воени злосторства. Од партијата

Речиси 500 мигранти со чамци пристигнале во Велика Британија за еден ден

 Ова се првите регистрирани пристигнувања од 17 август, објавува Би-Би-Си. Вкупно 494 лица беа истоварени од седум чамци во Довер и префрлени во база на Командата за гранична безбедност. Гумените чамци влегуваа

Тоневски: Нашите рудари се симбол на трудот, истрајноста и посветеноста

По повод 28 Август – Успение на Пресвета Богородица, Денот на рударите и Денот на Општина Пробиштип, вчера во кино-салата се одржа Свечена седница на Општината. Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски,
Go toTop