Илјадници Израелци на антивладини протести во Западен Ерусалим

March 26, 2025
1 min read

Илјадници Израелци протестираа денес во Западен Ерусалим против предложените промени во Одборот за избор на судии, разрешувањето на шефот на Шин Бет, Ронен Бар, и намерата на Владата да го разреши државниот обвинител Гали Бахарав-Мијара, пренесува Анадолу.

Весникот „Једиот Ахронот“ објави дека илјадници луѓе маршираат низ улицата Каплан меѓу Врховниот суд и Кнесетот (Парламентот) до плоштадот пред седиштето на Владата.

„Денешниот протест доаѓа по разрешувањето на шефот на Шин Бет, Ронен Бар, прекинот на преговорите за договорот за заложници, вчерашното одобрување на буџетот и планот на Владата да го смени државниот обвинител Гали Бахарав-Мијара“, пишува весникот.

Во бруталната офанзива на израелската војска врз Појасот Газа од октомври 2023 година убиени се речиси 50.200 Палестинци, главно жени и деца, а над 113.700 се повредени.

Во ноември минатата година Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите постапки во енклавата.

На протестот учествуваа и членовите на опозициските партии, меѓу кои и лидерот на Национално единство и поранешен министер за одбрана Бени Ганц, заедно со други видни личности во економскиот и судскиот сектор, наведува весникот.

Израелскиот Канал 12 објави дека демонстрациите избувнале по повод гласањето на Кнесетот за нацрт-законот за измена на составот на Комисијата за избор на судии – потег со кој ќе се елиминира застапеноста на Адвокатската комора и ќе им се дадат повеќе овластувања на лица назначени од Владата.

Предложеното законодавство претставува „централен столб“ на планот за „ремонт“ на судството, кој има цел да го ослаби судството, според медиумот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Марковски: Градежните стандарди не се почитуваат, системот ги убива своите деца

Следно

Калин Ивановски се пласира во осминафинале на турнирот во Опатија

Latest from Blog

Милион и пол верници веќе пристигнаа во Мека, и покрај војната во иран и заканите од напади

Според официјалните податоци, еден и пол милион верници пристигнале само од странство пред почетокот на годишното поклонение во понеделник. Патот низ светите места По посетата на Каба, главното светилиште на исламот во

Премиерите на Македонија и Хрватска, Мицкоски и Пленковиќ, утре ќе остварат средба во Охрид

Премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски утре во Охрид ќе му биде домаќин на претседателот на Владата на Хрватска, Андреј Пленковиќ. По пречекот на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, Мицкоски и Пленковиќ

Интер Мајами победи во луд натпревар со десет гола, но го загуби Меси (ВИДЕО)

Интер Мајами ја победи Филаделфија J. со 6-4 во историски натпревар од регуларната сезона. Натпреварот понуди невидена фудбалска лудост и влезе во аналите на лигата со првото полувреме со најмногу голови во
Go toTop