Историјата во македонското скијање се пишува со името на Јана Атанасовска

March 26, 2025
1 min read

Македонското алпско скијање испиша нова историја благодарение на извонредните резултати постигнати на неодамнешните натпревари во Глунгецер (Австрија) и Вајнебене (Австрија).

На слаломската трка во Глунгецер, македонската скијачка постигна значајни ФИС поени во дисциплината слалом со импресивни 30.56 поени, означувајќи го почетокот на нејзините најдобри резултати досега. Иако стартуваше со висок стартен број 28, таа заврши на одличното 12. место, со што уште еднаш докажа дека нејзиниот потенцијал е на високо ниво. Во истата трка учествуваше и норвежанката Теа Луиз Стјернесунд , која моментално е четврта во генералниот пласман во велеслалом во Светскиот куп и 43-та во слалом, а македонската претставничка беше побрза од неа во првото возење, завршувајќи на само 0.70 секунди зад неа по второто возење.

Неверојатните настапи продолжија и на натпреварите во Вајнебене, каде што Јана уште еднаш покажа дека припаѓа на врвот. Првиот ден стартуваше со број 7 и заврши на третото место во вкупниот пласман, со минимално заостанување од 0.36 секунди, при што ги потврди своите 30.77 ФИС поени. Вистинскиот триумф следуваше наредниот ден, кога стартуваше со број 12 и го освои првотот место со убедливо водство од 0.62 секунди, поставувајќи свој кариерен рекорд со 25.02 ФИС поени во слалом.

По завршетокот на сезоната и финалните пресметки на ФИС, Јана Атанасовска ќе се најде меѓу најдобрите 15 скијачки во светот од генерацијата 2006 и во топ 200 на светската ФИС ранг-листа.

Овие достигнувања претставуваат историски пресврт во македонското алпско скијање. Јана Атанасовска стана првиот македонски алпски скијач – и во машка и во женска конкуренција – кој успеал да постигне вакви резултати на меѓународната сцена. Со своите извонредни настапи, таа не само што ги подигна стандардите за македонското скијање, туку и докажа дека талентот, посветеноста и напорната работа можат да ја постават Македонија на светската мапа на алпското скијање.

Оваа сезона беше долга и полна со предизвици, но конечно стигнав до резултатите кои ги чекав со нетрпение. Беше само прашање на време кога ќе се оствари она што го посакував јас па и мојот тренер, бидејќи цело време вложував максимален труд и посветеност. Со оваа прилика, сакам да се заблагодарам на Министерството за спорт за нивната постојана поддршка и вера во мене. Без нив, овој успех не би бил можен, порача Атанасовска.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Израелски пилот кој дал отказ бара прекин на геноцидот во Газа и гонење на сторителите

Следно

Назначени нови началници на СВР Штип и ОВР Кочани

Latest from Blog

Осуден поранешен претседател на Јужна Кореја

Централниот окружен суд во Сеул утврди дека Јун го прекршил Законот за политички фондови, што е различна пресуда од посебен судски случај во кој неговата сопруга, поранешната прва дама Ким Кион-хи, беше

Костадиновска-Стојчевска : Разрешувањето на Љутков е признание на власта дека ја уништи културата

Пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, на денешната собраниска седница за Предлогот за разрешување членови на Владата, рече дека разрешувањето на министерот за култура Зоран Љутков е признание за неговото неуспешно работење и

Проданоски: „Водовод и канализација“ интензивно работи на проблемот со водоснабдувањето

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, информира дека екипите на ЈКП „Водовод и канализација“ од раните утрински часови се на терен и интензивно работат на отстранување на дефектот на примарната водоводна линија на

Вештакот Марковски: Галериите и шанковите изградени во 2024 ја блокирале евакуацијата во дискотеката „Пулс“

Доградбите и измените направени во дискотеката „Пулс“ во Кочани во текот на 2024 година дополнително ја отежнувале можноста за брза евакуација на гостите во случај на опасност, посочи градежниот вештак Горан Марковски

Берзански извештај: Индексот МБИ10 ослабе, промет од над 37 милиони денари

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 13.07.2026 заврши со благ пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.152,62 поени. Во
Go toTop