Израелски пилот кој дал отказ бара прекин на геноцидот во Газа и гонење на сторителите

March 26, 2025
2 mins read

КУДС (ЕРУСАЛИМ) (АА) – Пилотот на Израелските воздухопловни сили што дал отказ, Јонатан Шапира, денес повика на прекин на израелските масакри во Газа, обвинувајќи ги западните земји дека го поддржуваат тековниот геноцид врз Палестинците во енклавата.

„Ниедна друга сила во регионот не убила толку невини цивили како израелските пилоти“, изјави Шапира за Анадолу, кој во 2003 година поднел отказ во армијата.

Шапира, кој служел како лидер на ескадрила во Израелските воздухопловни сили во 2003 година среде Втората палестинска интифада, рече дека израелските воени авиони биле пратени во Газа, Западниот Брег и Либан за да убиваат цивили.

„Почнав да сфаќам дека тоа се терористички акти“, рече тој.

Се потсети на воздушен напад во кој бомба од 1.000 тони е фрлена врз дом во една од најгусто населените населби во Газа на полноќ, при што биле убиени голем број цивили, повеќето деца.

„Сторителите на овие масакри во Газа не смее да избегаат од правдата. Тие мора да бидат уапсени, испрашани и осудени на доживотен затвор“, рече тој.

Шапира додаде дека доколку израелските војници и офицери знаат дека ќе бидат повикани на одговорност за своите злосторства, ќе размислат двапати пред да извршат масакри.

– Соучесништво на Западот –

Шапира го критикуваше глобалниот молк за воените напади на Израел врз Газа и индиректната поддршка што му ја даваат некои западни земји преку снабдување со оружје и борбени авиони.

„Повеќето западни и европски земји се соучесници во овој геноцид. Нивниот неуспех да престанат да го поддржуваат Израел е причина што тој продолжува“, рече тој.

Нагласи дека никој нема право да молчи.

„Вака им се случи холокаустот на моите предци и сега вака се случува геноцидот во Газа“.

Шапира истакна дека Палестинците во Газа точно знаат кој е одговорен. „Тие наоѓаат фрагменти од проектили во урнатините и препознаваат дека се направени во Велика Британија и САД“, рече тој.

Поранешниот израелски пилот ја нарече Владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху, која вклучува и политичари од крајната десница, „полоша од која било лоша влада“ и „нацистичка“. Тој, исто така, ги обвини оние што ги нормализираат односите со Израел дека се соучесници во неговите злосторства.

– Палестинската борба –

Шапира рече дека продолжувањето на израелските напади врз Газа на 18 март е поттикнато од политичките интереси на Нетанјаху и случаите за корупција против него.

„Владата на Нетанјаху не се грижи за израелските заложници, па дури и за израелската јавност. Се грижи само да остане на власт“, ​​рече тој.

Израелската армија ненадејно продолжи со воздушната кампања врз Појасот Газа на 18 март, при што се убиени 830 Палестинци, а повредени речиси 1.800 и покрај договорот за прекин на огнот и размена на затвореници што стапи на сила во јануари.

Обединетите нации (ОН) проценуваат дека околу 124.000 Палестинци повторно се раселени откако Израел продолжи со нападите врз Газа.

Шапира ја обвини израелската Влада дека ги игнорирала барањата на јавноста, како и барањата на заложниците за запирање на офанзивата врз Газа, истакнувајќи дека Нетанјаху верува дека на крајот заложниците во Газа ќе бидат убиени.

„Кога овие заложници ќе се вратат дома живи откако ќе бидат бомбардирани од сопствената војска, нема да имаат ништо добро да кажат за раководството, Владата или армијата на Израел“, додаде тој.

Израелскиот пилот на крајот изрази солидарност со Газа. „Срцата на многу антиционистички Евреи низ светот се со народот на Газа. Ние стоиме покрај нив во нивната борба и ќе продолжиме да ги поддржуваме додека Газа и Палестина не се ослободат“, рече тој.

Убиени се речиси 50.200 Палестинци, претежно жени и деца, а над 113.700 се повредени во бруталната израелска воена офанзива врз Газа од октомври 2023 година.

Во ноември минатата година Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите постапки во енклавата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Народна банка: Нето надворешниот долг на земјата изнесува 4.630 милиони евра

Следно

Историјата во македонското скијање се пишува со името на Јана Атанасовска

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви, ете зошто СДС не се оградува од Заев

Блискоста на Заев и Филипче и ден денес се негува, доказ за тоа е новиот директор на фирмата Сара Инженеринг ДОО Струмица, која е блиска до семејството Заеви, велат во партиското соопштение

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев
Go toTop