Комисија ќе решава за лиценци за кабаре – надлежните лица ќе мора на терен да ги проверат објектите

March 26, 2025
1 min read

Министерството за економија и труд со измените на Законот за угостителство ја враќа Комисијата која ќе одлучува за доделување на лиценци за кабаре, ноќни клубови и дискотеки. Во оваа Комисија ќе членуваат претставници на повеќе институции, меѓу кои од пазарниот, санитарниот, трудовиот инспекторат, Управата за јавни приходи, МВР, Дирекцијата за заштита и спасување и од општината каде што е објектот. Лиценца ќе може да се издаде само откако сите претставници ќе стават потпис. А, за да се потпишат, сите надлежни институции ќе мора да достават написмено дека биле на терен и извршиле контроли, секој од својата надлежност.

„Меѓутоа, практично и објективно гледано, пазарните инспектори по професија се или правници, или се економисти. Како можат тие да проверат дали исполнуваа објектот, градежни, да речам, противпожарни услови, електрика и така натаму, се она што е поврзано со издавањето на одобрение за градба на еден објект и понатаму за исполнување на минимално технички услови“, изјави Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд.

Целта на овие законски измени е да се отстранат недореченостите кои настанаа во 2008 година, кога со регулаторната гилотиња беа поедноставени процедурите за издавање лиценци. Во основа, ќе се дорегулира членот 21 од Законот и ќе се вметне задолжителна институционална проверка на тоа што подносителот на барањето за лиценца го приложил како документи.

„Не само пред време да се утврдат условите со попис од Комисијата и стручните лица, него понатаму и тој записник да влезе во понатамошна процедура и повторна контрола од страна на Секторот за угостителство односно соодветната институција, во случај е Министерството за економија и труд“, изјави Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд.

Најавено е и дека ќе се заострат казните за сите кои не ги почитуваат законите, а се планира и воведување кривична одговорност.

„И сите кои стават потпис, ќе гарантираат со својот потпис, бидејќи и за лицата од Комисијата ќе има одредена, да речам, парична или друг вид на одговорност“, изјави Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд.

Со регулаторната гилотиња во 2008 година, се смени Законот за угостителство и не се прецизираше во членот 21 дали надлежното лице во Министерството за економија по службена должност треба да ги провери сите документи кои се приложени. Поконкретно, дали инспекторатите биле на терен и реално ги провериле минимално – техничките, санитарните, за безбедност на работа, противпожарни и безбедносни услови.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Ерменија го врти грбот на Русија, сака членство во ЕУ

Следно

Активистот Нејман, кој се противи на израелската окупациска политика, со реакции за обновувањето на нападите врз Газа

Latest from Blog

Морничав споменик од минатото- еве како изгледа политичката школа во Кумровец „Јосип Броз Тито“ (ВИДЕО)

Отворена во 1981 година со цел да се едуцираат идни партиски кадри, оваа масивна зграда беше симбол на моќта и идеолошката ориентација на тогашна СФРЈ. Млади комунисти од целата земја минуваа низ

Баерн се спаси во последната секунда, Дортмунд испушти победа во последната секунда

Чуден развој на настаните во денешното редовно коло во германскиот Бундес лига шампионат. Тимот на Баерн Минхем имаше за задача да освои бодови на гостувањето кај Унион Берлин. Работите не тргнаа како

Англија се соочува со најлошата суша во последните децении, се преземаат мерки

Англија моментално се соочува со најлошата суша во последните децении, што ги принудува владата и компаниите за водоснабдување да планираат мерки за зачувување на водните ресурси, соопштија официјални лица. Според менаџерите на

Алиу: Здравствениот систем на 21-от век се гради со дигитална инфраструктура која овозможува податоците да се движат заедно со пациентот

„Здравствениот систем на 21-от век не се гради само со ѕидови, апарати и процедури, туку се гради со податоци, со интеграција, предвидување и дигитална инфраструктура во здравството “, порача министерот за здравство,

На Форумот во Атина, Божиновска разговараше за регионална енергетска интеграција

Можностите за нови интерконекциски врски и иницијативата на Бугарија за проширување на гасната инфраструктура во близина на македонската граница, биле дел од темите на билатералните средби на министерката за енергетика, рударство и
Go toTop