Во израелските напади врз Газа убиени уште 12 Палестинци

March 26, 2025
1 min read

Уште најмалку 12 Палестинци, меѓу кои шест деца, се убиени во новите израелски напади утринава, чија цел беа домови и групи цивили во Појасот Газа, јавува Анадолу.

„Во гувернатот на Северна Газа, осум Палестинци, меѓу кои шест деца, се убиени во израелскиот напад врз домот на семејството Ал-Наџар“, вели медицински извор.

„Уште двајца Палестинци, татко и неговиот син, се убиени во израелскиот воздушен напад врз стан во бегалскиот камп Бурејџ, во централниот дел на Појасот Газа“, изјави медицински извор за Анадолу.

„Спасувачките операции продолжуваат во областа во потрага по други исчезнати лица“, велат очевидци.

Во јужниот дел на Појасот Газа, медицински извор за Анадолу изјави дека двајца Палестинци, меѓу кои и една жена, биле убиени во израелски напад врз група цивили во градот Кан Јунис.

Нападот денес се случи кога Израел продолжи да ги затвора премините за хуманитарна помош во Газа од почетокот на март, предизвикувајќи сериозен недостиг од залихи на храна на територијата опустошена од војната.

Израелската Армија започна ненадејна воздушна кампања врз Појасот Газа на 18 март, при што загинаа речиси 800 луѓе, а беа повредени над 1.600 други и покрај договорот за прекин на огнот и размена на затвореници што се одржа во јануари.

Повеќе од 50.100 Палестинци се убиени, главно жени и деца, а над 113.700 се повредени во бруталниот израелски воен напад врз Газа од октомври 2023 година.

Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење во ноември минатата година за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговата војна против енклавата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Приведен крадец во битолско, одзел нафта и масло од фирмата каде што работел

Следно

МотоГП во Валенсија до лето 2031

Latest from Blog

Лесно е кога Елмас ќе даде гол, Аталанта убедливо победи, фаворитите немаа проблеми

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас го постигна најбрзиот гол во изминативе три дена во трите натпреварувања на УЕФА. Елмас погоди за водство на Аталанта во Бергамо кога по само 46 секунди даде гол

Хутите ѝ се закануваат на светската економија- зошто западните земји не ѝ понагаат на Саудиска Арабија?

Исто така, го поставува прашањето зошто Западот не прави повеќе за да ги поддржи своите саудиски сојузници, објави британски Телеграф во авторски коментар. Нападите на Хутите се закануваат да предизвикаат уште поголеми

Трамп испраќа војска во Панама

САД испраќаат неколку стотици војници во Латинска Америка за обука на локалните сили и спроведување заеднички вежби, додека Пентагон ја проширува својата кампања против трговците со дрога во регионот, објави „Њујорк тајмс“,

Гаштаров асистираше за гол но Црвена ѕвезда прокоцка водство и загуби кај Лугано на Алиоски (Видео)

Новопечениот македонски репрезентативец, тинејџерот Матеј Гаштаров одигра одличен меч, но неговата Црвена ѕвезда загуби на гостувањето кај Лугано, во првото коло од Конферекциската лига на УЕФА. Лугано водеше со 1:0, потоа гостите

Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Нов Зеланд, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот на земјотресот бил на Северниот остров, на длабочина од 280 километри и
Go toTop