Иџе ќе вози со симболично црно на трките: Ова не е само боја, ова е порака на сочувство – Вистинските победи се кога сме заедно во тешките моменти

March 25, 2025
1 min read

Заврши седумдневната жалост, но само онаа официјално прогласената. Иако тргнати по редовен тек на обврските, сепак мислите, темата на разговор која е прва на памет и јазик е токму таа – траорната од жртвите и повредените од кобниот 16-ти во Кочани.

Македонската спортска гордост, нашиот шампион, најпопуларниот и најуспешниот македонски натпреварувач во автомобилски трки, Игор Стефановски Иџе за неколку дена започнува нова сезона на трки, па по тој повод пред да тргне да освојува носи победи низ Европа, реши своето Ферари делумно да го обои црно во знак на спомен и почит за жртвите во Кочани.

-Во спомен на жртвите од трагедијата во Кочани. Црна боја на моето возило со кое ќе настапувам на трките низ Европа како знак на почит кон оние што ги загубија животите во оваа страшна несреќа. Ова не е само боја – ова е порака на сочувство, солидарност и поддршка за нивните семејства и најблиски. Некои победи се на патеката, но вистинските победи се кога сме заедно во тешките моменти. Почивајте во мир, пишува Иџе во прилог на фотографијата каде покжа како ќе изгледа возилото.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

УНИЦЕФ предупреди на гладот во Јемен, земјата е „на раб на катастрофа“

Следно

За тројца осомничени кочанскиот суд ја сменил одликата од ефективен притвор ги става во куќен притвор

Latest from Blog

475 луѓе загинаа во поплавите во Непал, над 1.500 се водат за исчезнати

Операциите за пребарување и спасување продолжуваат, додека екипите истовремено работат на расчистување на блокираните патишта во погодените области. Непалската армија објави дека спасила 900 луѓе од најтешко погодените области, вклучувајќи ги областите

Азески со дипломатите во Дебар: Рударството мора да се развива со современи технологии и поголема безбедност

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, заедно со дел од дипломатскиот кор и бизнисмени од регионот, престојуваше во Дебар, каде што беа реализирани повеќе активности посветени на унапредувањето на

Љатифи: Македонскиот електропреносен систем функционира стабилно и покрај растот на обновливите извори

Македонскиот електропреносен систем во 2025 година функционирал стабилно и покрај зголемениот прилив на енергија од обновливи извори и динамичните промени на цените на регионалните пазари, вели генералниот директор на АД МЕПСО, проф.

БулМак 2016 го честиташе Денот на рударите: „Вашиот труд заслужува длабока почит“

Компанијата „Булмак 2016“ упати честитка до рударите по повод 28 август – Денот на рударите, изразувајќи почит и благодарност за нивната пожртвуваност, храброст и секојдневна работа во тешки услови. „Честит Ден на
Go toTop