ВИДЕО: Обвинение за разбојништво во продавница за бела техника кај Градски парк во Скопје

March 25, 2025
1 min read

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против две лица на кои им се става на товар дека како соизвршители сториле кривично дело – Разбојништво од член 237 став 1 од Кривичниот законик.

Двајцата обвинети, на 29.11.2024 година, со електрични тротинети дошле до продавница за бела техника „Нептун“ во Градскиот стадион, маскирани со маски, шалови, качулки и ракавици, како и со пластични пиштоли во рацете. Едниот од нив на појасот носел и рачно изработена направа од два факли – пиротехника.

Влегле во продавницата во која во моментот имало повеќе возрасни вработени лица и купувачи, како и три деца, па на присутните им се заканиле со наводното оружје. Од продавницата, под закана дека ќе нападнат врз животот и телото на присутните, одзеле 554.146 денари и уште 43 ваучери во вкупна вредност од 115.000 денари. Обвинетите потоа ја напуштиле продавницата, меѓутоа во непосредна близина биле затекнати од полициски службеници кои ги уапсиле.

Заедно со поднесеното обвинение јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за двајцата обвинети.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дурмиши: Министерството за економија нема механизми за проверка на лиценциите на клубовите

Следно

Бројот на убиени Палестинци во Газа се зголеми на 50.144

Latest from Blog

Пирло е главен кандидат за селекторското место на Италија

ФОТО: FC Juventus/FB Легендата на италијанскиот фудбал, Андреа Пирло, е главен кандидат за нов селектор на Италија. Познатиот весник „Газета дело Спорт“ објави дека новата структура на италијанската федерација предводена од Паоло

ОВА Е ЖЕНАТА, РУСКИ ШПИОН, која била уфрлена кај Епштајн да ја следи западната политичка и бизнис елита

Агент на руската безбедносна служба ФСБ живеел со Епштајн со години, собирајќи компроматирачки информации и материјали за мировната елита и службениците, објави Le Monde и The Newsground. Покрај неговиот интерес за млади руски жени

Со 69 гласа изгласани се новите министри во Владата

Собранието попладнево со 69 гласа „за“, без ниту еден глас „против“ или „воздржан“, ја изгласа реконструкцијата на владиниот кабинет. Новите министри ја добија довербата од пратениците и во наредниот период ќе раководат

Ал-Наср во финансиски проблеми: Соиграчите на Роналдо добиле само пола плата за јуни

Ал-Наср, каде што игра Кристијано Роналдо, се соочува со финансиски тешкотии. Неколку од играчите на тимот наводно добиле помали плати од нивната целосна плата за јуни, но раководството на клубот работи на

Французин во Сингапур ја излижа сламката и ја врати меѓу чистите. СУДЕЊЕТО МУ Е ОДЛОЖЕНО (ВИДЕО)

Судењето на 19-годишен Французин обвинет дека се снимал себеси во Сингапур како лиже сламка од машина за сок, а потоа ја враќа во садот, е одложено бидејќи обвинителите се обидуваат да разјаснат
Go toTop