Доделување на новинарските награди „Никола Младенов“ за 2024 година

March 25, 2025
1 min read

Македонскиот институт за медиуми денеска ќе ги додели новинарските награди „Никола Младенов“ за 2024 година. Наградите ќе бидат доделени во три категории: за најдобра истражувачка сторија (прва, втора и трета награда), најиновативен новинарски производ и за најдобра репортерска фотографија.

На добитниците на наградите ќе им биде врачен сертификат и парична награда од 60.000 денари поединечно за првонаградените во сите три категории, 40.000 денари за второнаградената и 20.000 денари за третонаградената истражувачка сторија.

Конкурсот за аплицирање за наградите беше отворен до 17 февруари 2025, а пријавите требаше да се поднесуваат на [email protected] со назнака: Пријава за новинарските награди „Никола Младенов 2024“.

Никола Младенов, сопственик и главен уредник на неделникот „Фокус“, кој се сметаше за еден од најугледните новинари во Македонија, загина во сообраќајна несреќа на влезот од Скопје, ноќта на 26 март 2013 година. Македонскиот институт за медиуми одлучи во негова чест да ја именува наградата за најдобра истражувачка сторија на годината, која се доделува од 2001 година, да го носи името Награда за најдобра истражувачка сторија на годината „Никола Младенов“. 

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лијам Лосон заминува од Ред Бул?

Следно

Најмногу дожд во изминатото деноноќие наврна во Маврово

Latest from Blog

Дортмунд со рутинска победа на стартот во Бундеслигата

ФОТО:facebook.com/BVB/ Фудбалерите на Борусија Дортмунд го победија Хамбургер со 2:0 на почетокот од Бундеслигата. Дортмунд оствари рутинска победа на домашен терен, а прашањето за победникот беше решено во првиот дел од натпреварот.

Побунети војници го нападнаа аеродромот и претседателската палата во Нигер (ВИДЕО)

Четири извори на Ројтерс изјавија дека бунтовни војници стојат зад нападот. Државната телевизија и радио престанаа да емитуваат околу 8 часот наутро по локално време. Воените власти апелираа за смиреност и рекоа

„ПОВЕЌЕ БИЗМАРК, ПОМАЛКУ ХИТЛЕР“, повеќе од 19, помалку од 20 век. Повеќе германска величина, помалку криминал

AfD сè уште држи над 40 проценти во анкетите на јавното мислење пред регионалните избори во Саксонија-Анхалт на 6 септември, а дебатата за можна забрана на AfD продолжува во Германија. Пред еден
Go toTop