СПМ против предлогот на Алтернатива за заедница на албански општини

February 26, 2023
1 min read

Социјалистичката партија на Македонија со зачуденост се информира за иницијативата на партијата Алтернатива за формирање на заедница на албански општини во Македонија. Оваа партија како да заборавила дека прашањето е решено со Уставот и дека Македонија е унитарна мултинационална држава. Прашањето за соработка меѓу општините е затворено со Рамковниот договор и со Законот за локалната самоуправа.

Соопштението на Социјалистичка партија на Македонија, го пренесуваме во продолжение:

СПМ оценува дека Алтернатива доцни со овој предлог само 21 година, зошто Законот за локалната самоуправа што го регулира ова прашање е донесен во 2002 година.

Во член 14 од овој Закон е предвидена меѓуопштинската соработка и тоа: „(1) Во вршењето на своите надлежности, општините можат меѓусебно да соработуваат. (2) Заради остварување на заедничките интереси и вршење на заедничките работи од надлежност на општините, тие можат да здружуваат средства и да формираат заеднички јавни служби, во согласност со закон. (3) Со цел за извршување на одделни надлежности, општините можат, исто така да формираат заеднички административни тела во одредени области, во согласност со закон. (4) Општините можат да соработуваат и со единици на локалната самоуправа на други земји, како и со меѓународни организации на локалните заедници, како и да членуваат во меѓународни организации на локалните власти.“

Од цитираните законски одредби е јасно дека меѓуопштинската соработка е право и можност на секоја општина и тоа се случува веќе две децении без разлика дали се македонски, албански, турски, ромски или други општини.

Со одењето во опозиција партијата Алернатива има потреба од формулирање на ставови кои звучат националистички и етнонационалистички за да си го зголеми рејтингот. Играњето на етничи прашања во мултиетничка држава е секогаш иритирачко зошто се предизвикуваат другите етноси да покренуваат радикални барања на штета на стабилноста во државата.

Социјалистичката партија на Македонија истакнува дека градњето на меѓусебни добри односи е од полза на сите во Македонија и затоа е потребно институционално да се решаваат сите проблеми. Власта мора да носи одговорност и превентивно да ги согледа сите прашања, како и ова, кои може да ги нарушат мирот и стабилноста на граѓаните.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

ДУИ го нарече антиамерикански и антиевропски предлогот на Алтернатива за заедница на албански општини

Следно

Од детска забава до фатална трагедија: Што е познато досега за инцидентот во Илинден

Latest from Blog

Аморим: Не ми е јасно како ги примаме овие голови

фото: Printscreen Менаџерот на Манчестер Ј., Рубен Аморим изјави дека е незадоволен од дефанзивната игра на неговиот тим на денешното дерби со Манчестер Сити. „Ако ги погледнете головите, можевме да ги избегнеме.

Мицкоски со порака: Ние ќе продолжиме да работиме, да се бориме и на крај ќе победиме

Премиерот Христијан Мицкоски објави видео од настанатите пожари кои избувнаа викендов. Воедно Мицкоски упати порака: „Она што се случуваше летото и со кое успешно се справивме, ќе продолжи, затоа што некој има

Фото: Супер провокативно издание на Марго Роби, гол грб и проѕирен фустан

Добитничката на Оскар, убавата актерка Марго Роби на промоцијата блесна во проѕирен фустан од колекцијата„ Armani Prive“ пролет 2025. Ова е едно од нејзините први јавни појавувања откако стана мајка минатата есен,

Алкараз со дабл учинок: МУ ГО ЗЕМА НА СИНЕР И ЛИДЕРСТВОТО И ДЕВОЈКАТА… Битката продолжува

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз има нова девојка. Станува збор за моделот Брукс Надер кој во последно време е тема на светските медиуми – сега знаеме зошто… Други вести ја потврдуваат првата: Брукс
Go toTop