Русија и САД започнаа нова рунда билатерални преговори во Саудиска Арабија

March 24, 2025
1 min read

Русија и САД денес започнаа нова рунда билатерални разговори во Саудиска Арабија, јавува Анадолу.

Руската државна новинска агенција ТАСС објави дека преговорите во Ријад започнале во затворена форма, а саудиските безбедносни службеници побарале од новинарите што биле присутни на локацијата да го напуштат местото.

Во четвртокот Јури Ушаков, советник на рускиот претседател, по телефонскиот разговор со советникот за национална безбедност на САД, Мајкл Волц, најави дека новата рунда разговори ќе се одржи на 24 март во Ријад.

Според него, состанокот е насочен „главно кон разработување на можностите за спроведување на добро познатата иницијатива за безбедноста на пловидбата во Црното Море“, алудирајќи на Иницијативата за извоз на жито преку Црното Море.

Средбата меѓу двете делегации следуваше по одделните разговори меѓу делегациите на Киев и Вашингтон во Саудиска Арабија во неделата, кои украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров ги опиша како „продуктивни“.

„Целта на претседателот Владимир Зеленски е да обезбеди праведен и траен мир за нашата земја и нашиот народ – и со тоа за цела Европа. Работиме на тоа таа цел да стане реалност“, објави Умеров на Фејсбук.

Исто така, Стив Виткоф, специјален пратеник на САД, изрази оптимизам за можноста за постигнување мир, потенцијално започнувајќи со прекин на огнот во Црното Море, иако продолжените напади од двете страни создаваат сомненија за напредок во преговорите.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: Ќе има мораториум за угостителските објекти да ги отстранат неправилностите!

Следно

Како детенцето кое собира топки ја надмудри целата одбрана на Италија (ВИДЕО)

Latest from Blog

Премиерите на Македонија и Хрватска, Мицкоски и Пленковиќ, утре ќе остварат средба во Охрид

Премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски утре во Охрид ќе му биде домаќин на претседателот на Владата на Хрватска, Андреј Пленковиќ. По пречекот на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, Мицкоски и Пленковиќ

Интер Мајами победи во луд натпревар со десет гола, но го загуби Меси (ВИДЕО)

Интер Мајами ја победи Филаделфија J. со 6-4 во историски натпревар од регуларната сезона. Натпреварот понуди невидена фудбалска лудост и влезе во аналите на лигата со првото полувреме со најмногу голови во

НОВИ ОАЗИ: Каде избегаа богаташите од Дубаи?

Повеќе од 240 илјади милионери живееле во ОАЕ пред војната, а повеќето од нив биле концентрирани во Дубаи. Некогаш, животот во Дубаи бил речиси совршен за богати странски професионалци и менаџери. Приватните
Go toTop