Утрово најстудено на Попова Шапка – времето облачно и потопло со врнежи од дожд

March 24, 2025
1 min read

Македонија утрово се разбуди во плус, односно секаде температурите се над нулата.

Најстудено е на Попова Шапка каде се измерени 2 степени, додека најтопло е во Демир Капија каде се измерени 11 степени.

5 степени во Крива Паланка, Берово, Крушево, Маврови Анови, Лазарополе, 7 во Скопје-Петровец, Охрид, Прилеп, Кавадарци, Струмица, 8 во Тетово, Претор, Виница, 9 во Скопје-Зајчев Рид,  Битола, Велес, 10 во Штип, Гевгелија.

Најмногу дожд има во Лазарополе каде се измерени 29 l/m2, а по него и 21 l/m2 во Маврови Анови, 16 во Крушево, Попова Шапка, 12 Охрид, 10 Прилеп, Пожаране, Пожар-Радовиш, 9 Претор, Виница, Тополчани, 8 Струмица, 7 Берово, 6 Крива Паланка, Гевгелија, 5 Тетово, 4 Битола, Демир Капија, Кавадарци, 3 Скопје-Петровец, 2 Скопје-Зајчев Рид, Штип, Велес.

Претежно облачно и потопло со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува  умерен, наместа повремено засилен јужен ветер со брзина над 60 km/h.

Дневната температура ќе биде во интервал од 16 до 22 степена.

Во Скопје, претежно облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен јужен ветер. Максималната температура ќе достигне до 22 степена.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Четири лица повредени во сообраќајка во Кавадарци 

Следно

Остатоци од соборено беспилотно летало предизвикаа пожари и повредија едно лице во регионот на Киев

Latest from Blog

АМЕРИКА Е ПРОТИВ “БЕЗУСЛОВНО ПРИМИРЈЕ“ и гласаше во интерес на Русија за “преговори“ без “безусловост“

Соединетите Американски Држави одбија да се приклучат на заедничката изјава за Украина во Обединетите нации (ОН), со која се осудуваат постапките на Русија и се бара безусловно примирје од Москва, а Вашингтон

ИСЛАНД РЕЧЕ “НЕ“ ЗА ЕУ И БРИСЕЛ, нивните интереси би се загрозиле со членството

Исланд гласаше против продолжување на преговорите за приклучување кон Европската Унија 13 години откако беа прекинати. Нивното “не“ беше изненадување за Брисел. Јавниот радиодифузен сервис RUV објави дека 52,8% од 225.031 гласачи

ВЛЕН: ДУИ им остави на граѓаните ветувања, ние им оставаме инфраструктура

Политичката коалиција ВЛЕН упати остри критики до ДУИ, обвинувајќи ја дека по две децении учество во власта се обидува да ги преземе заслугите за инфраструктурните проекти што денес се реализираат. Од ВЛЕН

ФЕРОИНВЕСТ СО НАЈГОЛЕМА ЖЕТВА НА ПЧЕНКА ДОСЕГА ЗА БИОГАСНАТА ЕЛЕКТРАНА ВО САРАМЗАЛИНО

Компаниите од групацијата ФЕРОИНВЕСТ годинава ја реализираа својата најголема жетва на пченка досега на земјоделските површини во Овчеполието, со најдобри резултати од почетокот на земјоделското производство на овие локации, како во однос
Go toTop