Сочувство за трагедијата во Кочани од Спиропали, Венгу, Мета, Бериша

March 16, 2025
1 min read

Претседателката на албанскиот парламент Елиса Спиропали денеска изрази сочувство за трагедијата во Кочани, наведувајќи дека таа „ е со семејствата кои ги загубија своите најблиски“.

„Тажна вест за страшната трагедија во Кочани, С.Македонија, каде животот го загубија десетици девојчиња и момчиња. Во оваа тажна недела јас сум со семејствата кои ги загубија своите најблиски. На повредените им посакувам брзо закрепнување. Сила и храброст за народот и властите на Северна Македонија во соочувањето со оваа голема трагедија“, пишува во пораката со сочувство.

До својот македонски колега Владо Мисајловски, телеграма со сочувство упати министерот за одбрана, Пиро Венгу, во која му го пренесува своето сочувство и солидарност со погодените во трагедијата.

„Длабоко ме допре трагедијата што ја погоди нашата пријателска земја. На мојот колега му изразив сочувство и солидарност со семејствата на жртвите и со целиот македонски народ во овој тежок момент. Албанија стои до нашите соседи и е подготвена да обезбеди секаква неопходна помош, напиша Венгу на социјалните мрежи.

Сочувство, од затворски притвор каде се наоѓа, изрази и лидерот на Партијата на слободата Илир Мета, кој наведува дека „со длабока тага и шок ја примил веста за големата трагедија во Кочани“.

„На овој тежок ден, јас и Партијата на слободата изразуваме најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите за големите и незаменливи загуби и се молиме за брзо закрепнување на преживеаните. Ја пренесувам нашата целосна солидарност до премиерот Христијан Мицкоски, властите и граѓаните на соседна и пријателска Северна Македонија и стоиме покрај нив во овие болни моменти“, напиша Мета.

И претседателот на Демократската партија и поранешен премиер, Сали Бериша изрази сочувство за трагедијата во Кочани, додавајќи дека се молат за побрзо закрепнување на повредените.

-Голема трагедија во Северна Македонија, која не потресе сите. Во оваа прилика, им изразувам најдлабоко сочувство од име Демократската партија до семејствата на жртвите, како и нашата солидарност со локалните и централните власти на Северна Македонија. Се молиме за брзо и целосно закрепнување на повредените во оваа страшна трагедија, напиша Бериша во објава на социјалните мрежи.

Во албанските медиуми, трагедијата во Кочани, денеска е главна тема и се пренесуваат сите детали поврзани со неа.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Разговор Мицкоски-Руте: Можно активирање на НАТО системот за справување со несреќи

Следно

Телата на починатите во пожарот ќе се транспортираат на обдукција во Скопје

Latest from Blog

Лавовите од Престон тргнуваат на турнеа во Македонија пред Австралискиот шампионат

Сениорскиот тим на клубот Престон, ќе ја претставува заедницата и клубот во Македонија, со патувањето што започнува в понеделник, 15 септември. Турнејата ќе послужи како подготвителен тренинг камп пред Австралискиот шампионат. За

Вучиќ: Би сакал изборите да бидат во декември 2026, сценарио со немири како во Непал и убиството на Кирк планирано и во Србија

Во интервју за ТВ Информер тој нагласи дека сценарио со немири како во Непал и убиството на американскиот активист Чарли Кирк било планирано да се случи и во Србија, „но успеавме да

Стигнаа добри вести за Барса: УЕФА го помилува Флик

Фото: Барселона/Твитер Тренерот на Барселона, Ханси Флик, ќе го предводи тимот во нивниот прв натпревар од Лигата на шампионите оваа сезона против Њукасл, откако УЕФА ја намали неговата дисциплинска мерка. Флик и

Ѓорѓиевски: Црквата ја чува верата и традицијата на генерациите

Со свечена литургија, предводена од поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Неговото Блаженство г.г. Стефан, денеска беше одбележан големиот јубилеј – 50 години од осветувањето на храмот „Св. Петар и

Ким Џонг-ун најави нова нуклеарна политика

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун објави дека земјата ќе претстави политика за заедничко унапредување на нуклеарното оружје и конвенционалната воена моќ за време на претстојниот клучен состанок на неговата владејачка партија, објави
Go toTop