Најмалку 17 загинати во немири во Перу

January 10, 2023
1 min read

Најмалку 17 лица загинаа во судирите меѓу перуанските безбедносни сили и демонстрантите кои бараат оставка од претседателката Дина Болуарте, соопшти народниот правобранител (локален омбудсман). Инциднетот се случил при обид на демонстрантите да упаднат во аеродром во југоисточниот дел на земјата.

„Потврдивме 17 смртни случаи денеска во Пуно за време на судирите со безбедносните сили во близина на аеродромот Хулиака, во област каде живее етносот Ајмара (американски индијански народ) во областа Пуно“, изјави извор од канцеларијата на омбудсманот кој сакаше да остане анонимен.

Демонстрантите бараат оставка од Дина Болварте која ја презеде функцијата лидер на земјата по соборувањето на социјалистот Педро Кастиљо на почетокот на декември, како и нов парламент и итно одржување на изборите, чиј датум на одржување веќе е поместен од 2026 – за април идната година.

Регионот Пуно што граничи со Боливија, е центарот на протестите во земјата каде демонстрации има од 4 јануари. Протестите почнаа откако Кастиљо беше отстранет од парламентот и уапсен на 7 декември, кога се обиде да го распушти законодавниот дом што пратениците го опишаа како „државен удар“.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Стејт департментот со критики до Вучиќ поради неговите навреди кон поранешниот шеф на мисијата на ОБСЕ на Косово, Едвард Џозеф

Следно

Лидерите на партиите на Албанците на средба со Рама во Тирана

Latest from Blog

Шокантни тврдења од Израел: Каде е иранскиот врховен лидер?

Неименуван израелски безбедносен извор, цитиран од саудиската државна телевизија „Ал-Хадат“, тврди дека иранскиот врховен верски лидер, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, „не се наоѓа во Иран“. Моџтаба Хамнеи, кој беше именуван за врховен верски

Димитриевски од Тетово: Големите се плашат од голем ЗНАМ, затоа што политиката на нови луѓе станува реалност

„ЗНАМ влезе во власта со јасна цел, да биде реформатор, но и коректор кога е потребно. Нашата одговорност е да работиме за државните и националните интереси, а секогаш кога ќе сметаме дека

Силен земјотрес го погоди Перу, најмалку 5 загинати

 Перуанскиот геофизички институт (IGP) соопшти дека магнитудата на земјотресот изнесувала 5,1 според Рихтеровата скала, додека Американскиот геолошки институт (USGS) наведе дека таа изнесувала 5,5. Земјотресот урна десетици куќи, а потреси се почувствуваа
Go toTop