Потпишан меморандум за соработка меѓу Министерството за финансии и Економскиот факултет од Скопје

March 6, 2025
1 min read

Професори од Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ со анализи и стручна помош ќе му помагаат на Министерството за финансии во неговиот делокруг од работата. Ова го предвидува Меморандумот за соработка што денеска го потпишаа министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска и деканот на Економскиот факултет Предраг Трпески во просториите на факултетот.

-Врвните економисти излегуваат токму од овој факултет, затоа што на овој факултет имаме професори коишто се врвни експерти. Тие ќе ни помагаат во периодот којшто следи преку најразлични анализи и стручна помош. Договоривме дека ќе бидат присутни и ќе ни помагаат при функционирање на Академијата за јавни финансии, која што има за цел да го зголеми нивото на квалитет и знаење на луѓето коишто се вработени во јавната администрација, и во исто време да го подигнеме целокупното ниво на знаење во државата на едно повисоко ниво, изјави министерката Димитриеска Кочоска по потпишувањето на меморандумот.

Тука, додаде, има професори кои работат на проекти кои имаат исклучително значење за државата и верувам дека тие проекти ќе ни бидат дадени со цел да ги проучиме и да видиме каде грешиме и каде може да учиме и од тие проекти да ги поправаме работите.

Деканот на Економскиот факултет Трпески истакна дека Меморандумот е подеднакво битен и за двете институции.

-За нас е многу значајно бидејќи во иднина се отвора можност за соработка, како во сферата на академските води каде што наши професори, наши асистенти би биле вклучени во низа активности во Министерството за финансии, така и обратно од Министерството да бидат присутни кај нас на факултет и во процесот на настава, но и со давање свое мислење, сугестии во процесот на конципирање на нови наставни програми, изјави Трпески.

Нагласи дека од особено значење е Министерството за финансии да ги отвори вратите за студентите од Економскиот факултет.

-Нашите студенти да почнат да изведуваат практикантска настава во секторите од Министерството за финансии, поблиску да се запознаат со работата на Министерството и на крајот Министерството за финансии и другите министерства да може да регрутираат свои вработени од редот на студентите на Економскиот факултет Скопје, потенцира Трпески.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Андоновска: Скопје, Битола и Куманово со најголем број на заболени од грип

Следно

Владата ќе ја прифати минималната плата што ќе ја договорат работодавачите и работниците

Latest from Blog

Проданоски: Стотици учесници на јубилејната велосипедска манифестација во Прилеп

Јубилејното 20-то издание на традиционалната рекреативна манифестација „Сите на велосипед“-2026 успешно се одржа денеска во Прилеп, со учество на голем број велосипедисти, млади, деца и љубители на спортот и рекреацијата. Учесниците возеа

Милион и пол верници веќе пристигнаа во Мека, и покрај војната во иран и заканите од напади

Според официјалните податоци, еден и пол милион верници пристигнале само од странство пред почетокот на годишното поклонение во понеделник. Патот низ светите места По посетата на Каба, главното светилиште на исламот во

Премиерите на Македонија и Хрватска, Мицкоски и Пленковиќ, утре ќе остварат средба во Охрид

Премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски утре во Охрид ќе му биде домаќин на претседателот на Владата на Хрватска, Андреј Пленковиќ. По пречекот на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, Мицкоски и Пленковиќ
Go toTop