Претседателката со забелешки за односот на министерката Кочовска кон пратеничката Петровска: „Не е лошо човек некогаш да се извини“

March 4, 2025
1 min read

Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова за навредите на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во Собранието деновиве кон пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска, рече дека „не е лошо некогаш човек и да се извини“.

Претседателката вели дека сите политичари, меѓу нив и пратениците, треба да внимаваат на говорот.

„Не е лошо човек да се извини, не е лошо човек да рече дека можеби перцепцијата не е таква каква што требало да биде, намерата не била лоша намера – тоа мислам дека ќе доведе до надминување на ваквите проблеми“, изјави Сиљановска-Давкова.

Министерката Димитриеска Кочоска од собраниската говорница ѝ порача на пратеничката Петровска дека нема право да зборува за месечните потреби на четиричлено семејство бидејќи нема деца и живее сама, што наиде на осуда од партијата на Петровска, СДСМ, но и од низа организации и јавни личности.

„За да кажам почитувана, треба да ја заслужите мојата почит. Врз основа на што вие ги ставате во уста мајките што имаат деца и како знаете вие едно повеќечлено семејство колку треба да троши?“, рече Димитриеска-Кочоска во обраќањето кон Петровска, која најави тужба за дискриминација.

Инаку, за трошоците за живот, настана дебата околу одредени намирници, по што Кочоска ја праша Петровска врз основа на што ги става во уста мајките и како знае колку троши едно семејство, кога нема деца. нагласи дека е мажена и дека има два сина. По ова од СДСМ, бараше Кочоска да се извини, но таа тоа не го стори и побара сличајот да се затвори. Подоцна Кочоска праша кој треба да се извини, дали тоа треба да се го направи жена која макотрпно се борела да ги роди.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ВРЕДИ: ДУИ плаче за внимание, Ахмети е очаен

Следно

Министерството за енергетика со мерки за заштита на граѓаните од неправилни сметки за струја

Latest from Blog

Судот во Стразбур им укажа на српските власти дека треба да спречат употреба на звучно оружје

 Европскиот суд за човекови права и укажа на Владата на Србија дека треба да се спречи каква било употреба на звучни уреди за контрола врз граѓани кои се на собир, објавија белградските

Ердоган: Туркије го поздравува ставот на Трамп кој ја зема предвид чувствителноста на земјата

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека Туркије го поздравува ставот на Трамп кој ја зема предвид чувствителноста на земјата, додавајќи дека тие двајца се разбираат меѓусебно во

Израел евакуираше неколку градови, побара меѓународна помош за борба против пожарите предизвикани од топлотен бран

АНКАРА/ИСТАНБУЛ (АА) – Израелските власти евакуираа неколку населени места и затворија еден од главните автопатишта во централниот дел на земјата поради шумските пожари предизвикани од екстремно високите температури, а Тел Авив побара

Кривична пријава за злоупотреба на службена положба против поранешен директор на јавно претпријатие од Струмица и управител на правно лице

На 29.04.2025 СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против З.Г.(56) од Струмица, поранешен директор на јавно комунално претпријатие од Струмица поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично
Go toTop