Муцунски: Нашата надворешна политика се базира на усогласеност со политиката на ЕУ и стратешкото партнерство со САД

March 3, 2025
1 min read

Секој што мисли дека може да се најде решение за војна и конфликт со гео-стратешки импликации без учество на Соединетите Американски Држави има несериозен и неискрен пристап кон конфликтот, изјави министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

Одговарајќи на новинарско прашање каква е нашата позиција во однос на тоа дека единствен начин да се стави мирен крај на војната во Украина се разговорите меѓу Америка и Русија, Муцунски посочи на Резолуцијата усвоена од Советот за безбедност на Обединетите Нации која повикува на мир.

– Во последните години сите зборуваме за почитување на меѓународното право и неговите принципи. Сега имаме правно-обврзувачка резолуција да бараме мир. Секој што мисли дека изнаоѓање на решение на таков тип на војна и конфликт, со такви гео-стратешки импликации, секој што мисли дека тоа може да се оствари без Соединетите Американски Држави, има несериозен и неискрен пристап кон овој конфликт, рече Муцунски на заедничката прес-конференција во Будимпешта со унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

Тој нагласи дека надворешната политика на земјава се базира на три константи: полноправно членство во НАТО, усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија и стратешко партнерство со САД.

– Нашата надворешна политика како држава има три константи – нашето полноправно членство во НАТО и да останеме кредибилен партнер во НАТО, нашата 100 процентна усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија и сме целосно усогласени со ЗНБП на ЕУ, и нашето стратешко партнерство со САД. Пред сѐ и над сѐ во тој контекст е македонскиот национален интерес, и затоа повторувам дека сето ова што го правиме, сите одлуки што ги носиме се вклопени во таа рамка и се усогласени со нашите национални интереси, нагласи Муцунски.

Посочи дека секоја одлука што ќе ја носиме ќе биде во рамките на овие три постулати земајќи го предвид нашиот национален интерес, во консултација со сите наши клучни стратешки партнери.

ИЗВОР: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Како до мир во Украина?

Следно

Апелациониот суд ја преиначи пресудата за Боки 13: Што ќе се случи понатаму?

Latest from Blog

Очекувано реми на Парагвај и Австралија, Турција си замина дома со победа над домаќинот (ВИДЕО)

Групата Д на текониот Мундијал го доби очекуваниот епилог синоќа. Последното трето коло го донесе расплетот на табелата, и патниците во следната елиминациона фаза. Она што се претпоставуваше дека ќе се случи

Нови правила во Брисел – ФРАНЦИЈА И ГЕРМАНИЈА ТУРКААТ „МЕМБЕРШИП-ЛАЈТ“

Европската комисија подготвува нов план за „постепена интеграција“, со кој на земјите-кандидати ќе им се овозможат економски придобивки пред тие официјално да влезат во ЕУ, пишува „Политико“. Целта на Брисел е да

Еквадор со победа над Германија до нокаут-фаза, „слоновите“ го преслушаа Курасао (ВИДЕО)

Фудбалерите на Еквадор приредија вистинско изненадување победувајќија Германија со 2:1 во последното коло во групата Е и со тоа во фотофиниш обезбедувајќи си место меѓу репрезентациите кои ќе продолжат во следната фаза
Go toTop