Лимани: Да започнеме секој со индивидуален влог, а да целиме кон заедничко добро

March 3, 2025
2 mins read

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани денеска учествуваше на конференцијата насловена: „Заедно сме посилни“, во организација на Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес.

На настанот, покрај министерот Лимани учествуваа и Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, Амбасадорот на ЕУ, Михалис Рокас, Амбасадорката на Шведска, Ами Ларсон Јаин, градоначалници, претставници на меѓународни и граѓански организации.

Во своето обраќање пред присутните, министерот Лимани изрази огромно задоволство за укажаната чест и можноста да се зборува за една особено важна тема.

„Како ресорно министерство под чија надлежност е грижата за ранливите категории на граѓани, имаме одговорност да работиме исклучиво во насока на унапредување на квалитетот на живот на оние на кои нашата помош им е неопходна. И така и ќе продолжиме,“ рече Лимани.

Тој ја поздрави иницијативата на организаторот, во пресрет и во знак на Денот на Жената, да се зборуваме за девојките и жените со попреченост, жените од руралните средини и маргинализираните. Затоа што со секој говор, со секој настан посветен на нив, посочи Лимани, ние сите заедно придонесуваме за нивна поголема видливост во општеството и нивно вклучување во општествениот живот. А на нив им порачуваме дека не се сами, тука сме ние за поддршка каква што им е потребна.

Тој истакна дека никој не може да знае како е да си на нивно место, да се биде во нивните чевли, да се доживува светот низ нивните сетила, да се биде ранлив, но она што може да се направи е да им се даде можност за подобар живот, пристап до здравство, образование, права од социјална и детска заштита, вработување, домување итн.

„Како министерство, она на кое што изминатиов период засилено работиме е овозможувањето на поширок спектар на социјални услуги и зголемување на бројот на градови и населени места каде овие услуги се испорачуваат до граѓаните. Во таа насока сакам да соопштам дека само од почетокот на оваа година имаме склучени 81 управен договор со општините и давателите на услуги, што е за 33% повеќе од 2024 година,“ рече Лимани.

Тој се осврна на значењето на овие договори. Кои значат добивање на социјална услуга за ранливите категории, но истовремено и уште една голема придобивка е вклучувањето на пазарот на труд на тешко вработливите лица, преку давателите на социјални услуги кои ги обучуваат за соодветната услуга. Добивањето на можноста да се биде активен чинител во општеството, да се биде економски независен и горд на себе дека придонесуваш во семејството, заедницата и општеството воопшто.

Лимани зборуваше и за можностите за стекнување на вештини и занаети наменети за ранливите жени, кои здруженијата ги овозможуваат. Потоа, изградбата на детски градинки во градски и во рурални средини. Кое што значи вклучување на децата во предучилишниот процес и ослободување од обврските на мајките за чување на децата дома, а со тоа и економско зајакнување на жената во општеството.

„Заедно сме посилни – значи дека само заедно можеме да го направиме она што до вчера било невозможно, денес да е возможно! Сите ние сме делчиња од нашиот мозаик, наречен држава. Да започнеме секој со индивидуален влог, а да целиме кон заедничко добро. Кога секој граѓанин во нашата држава ќе биде вреднуван, целиме кон колективна благосостојба,“ порача Лимани.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Петрушевски: Дали Сокол работел по насока на СДСМ, па затоа Филипче не смее да се огради

Следно

Муцунски од Будимпешта: Утрешниот заеднички состанок на двете Влади, значаен момент на продлабочување на нашите односи

Latest from Blog

НАД МИЛИОН ЛУЃЕ НА ПОГРЕБОТ НА САИФ АЛ ИСЛАМ ГАДАФИ, силен одговор против насилството и “арапската пролет“ (ФОТО)

Повеќе од 1.000.000 луѓе присуствуваа на погребот на Саиф ал-Ислам Гадафи, син на убиениот либиски лидер Моамер Гадафи, мавтајќи со зелени знамиња, симбол на владеењето на неговиот татко, објави „Ле Фигаро“. Саиф

Петрушевски: Додека Апасиев го плаќаа од СЈО, ги величеше. Кога чешмата секна, почна да ги плука.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, преку објава на социјалните мрежи остро реагираше на мемето што го објави лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев, обвинувајќи го за популизам, лицемерие и злоупотреба на

Коњановски со битолските ловци на традиционална ловечка забава

На покана на Здружението за ловци „СОКОЛ“ – Битола, под мотото „ЗАЕДНО ЗА ТРАДИЦИЈА“, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на ловечката забава организирана од здружението. Настанот помина во духот на

Трамп и конфликтот со Европа: ЗАД СЕ СТОИ ТАЈНИОТ АРХИТЕКТ НА НОВАТА АМЕРИКАНСКА ПОЛИТИКА

Веројатно никогаш не сте слушнале за Енди Бејкер. Но, тој е водечкиот интелектуалец во Советот за национална безбедност (НСЦ) чии потези би можеле да ја одредат иднината на надворешната политика на Републиканската
Go toTop