Ангелова: Дигитална трансформација и квалитет на УКИМ ни се клучни приоритети

March 3, 2025
1 min read

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ овој месец почнува со целосна дигитална трансформација. Најпрво ќе ги дигитализира сите студентски сервиси и планот е до почетокот на учебната 2025/2026 основните сервиси да бидат целосно завршени, а процесот ќе биде заокружен со воведувањето електронски индекс.

– Ова е процес што ќе трае. Мојата претпоставка е дека во текот на една година или година и половина, овој процес може да се заокружи, но УКИМ влегува во овој процес и тоа е наш приоритет, изјави ректорката на Скопскиот универзитет Биљана Ангелова.

Како што рече, втор приоритет на кој работат е квалитетот на Универзитетот – квалитетот на наставата и на истражувањата.

– Двата процеса се клучни. Целиот фокус во наредниот период ќе биде на тие две работи. Очекуваме дека од дигитализацијата и од подобрувањето на управувањето со квалитетот ќе имаме и подобрување на рангот на самиот универзитет, изјави Ангелова пред отворањето на научната конференција „Новите предизвици во високото образование и синдикалното движење“ која денеска ја организираше Сојузот на синдикати на УКИМ по повод пет години од неговото основање.

Во однос на огромниот број студиски програми на факултетите на УКИМ, ректорката посочи дека нивното кратење е поврзано со процесот на акредитација и ќе зависи од одредбите во новиот закон за високо образование. Очекува дека со него ќе се врати модуларноста на студиските програми што, рече, „само по себе подразбира дека ќе имаме помал број на студиски програми“.

– Она што е сега расплинето во посебни студиски програми ќе биде компримирано во модулите во рамките на студиските програми. Тоа е, исто така, процес кој не зависи само од Универзитетот, туку и од самиот закон односно што точно ќе биде предвидено во новиот закон. Ние сега се уште работиме по старото законско решение од 2018 година. Токму и тоа предвидува расчленување на студиските програми на поголем број, зависно од тоа дали се тригодишни, четиригодишни, едногодишни, двегодишни – на втор циклус итн. Очекуваме дека со новиот закон ќе можеме да ги компримираме и со самото тоа да се стегне и да се намали бројот на студиските програми и да бидеме поефикасни. И секако, акредитираните студиски програми, тоа е прашање на акредитација, потребно е да заврши тој период и потоа да се утврди ефикасноста на постојните студиски програми, рече ректорката на Скопскиот универзитет.

ИЗВОР: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Национална конференција „Заедно сме посилни”

Следно

Има работа, кој сака да работи – На крајот на 2024 година имало 9.562 слободни работни места

Latest from Blog

Николоски: Продолжува интензивната изградба на автопатот Прилеп – Битола

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, соопшти дека интензивно продолжуваат градежните работи на автопатот Прилеп – Битола, оценувајќи го проектот како еден од најзначајните инфраструктурни зафати во земјава. Според Николоски, изградбата

Единаесетгодишно момче е извлечено од урнатините во Венецуела, три дена по земјотресите (ВИДЕО)

„Пред неколку минути, 11-годишно момче беше спасено во Карабаледа. Во овој момент, секој живот е извор на надеж за Венецуела“, напиша Родригез на X, прикачувајќи видео од спасувањето на детето кон својата

БАРОТ НА СМРТТА СЕ РЕНОВИРА – во него настрадаа 41 лице, сега ја менува својата функција

Барот „Констелејшн“ во Кран-Монтана, Швајцарија, каде што 41 лице загина, а 115 беа повредени во пожар на 1 јануари, никогаш повеќе нема да биде ресторан, вети претседателот на кантонот Вале, Кристоф Дарбел.
Go toTop